top of page

3 Јане Алтипармаков

Режисерот Алтипармаков е хроничар на своето време и супкултура, па оди дотаму да се квалификува како архивар. Отворајќи ја својата филмска кариера со Гето103 тој останува на тој курс и го држи прстот на пулсот на македонската независна рок сцена и како режисер, но и како водител на Канал 103 каде се́ уште трпеливо работи. 

Плимата ги подига сите бродови! Доаѓаме! 


Капетан Јане Алтипармаков овој петок во КСП Центар Јадро, ќе ги угости филмските ентузијасти и рок љубители со својот филм The Hip - Brainstorm (повеќе за настанот на Фејсбук ), со помош на Аксиома и колегата филмофил Златко Ѓелески (со кого спорадично го снимаат Кино-поткаст за Кинотека на РСМ):


Режисерот Алтипармаков е хроничар на своето време и супкултура, па оди дотаму да се квалификува како архивар. Може да се каже дека е авторот на визуелниот идентитет на македонската авангардна (рок, па и рап и електронска музика). Отворајќи ја својата филмска кариера со Гето103 тој останува на тој курс и го држи прстот на пулсот на македонската независна рок сцена и како режисер, но и како водител на Канал 103 каде се́ уште трпеливо работи. 


Подеднакво посветено работи и на себе, а младешката енергија на својата сродна душа Лени Гелева(која ќе ја чуеме во следната епизода) само му помага да ги одржи своите професионални и лични амбиции во живот! 



Во третата епизода на Брза кучка, трчаме слободно, и зборуваме за малиот Јане, и како искрата на љубопитност се претворила во креативен жар, како студиите по филозофија му помогнале во студиите по режија.


Растењето во транзициската Македонија од денешен аспект може да делува како заморно и тешко, но Алтипармаков сведочи за живот во техниколор. Патриотизмот не е партиски слоган  -тоа е однос кон животот околу себе. Рокументарецот The Hip - Brainstorm го бележи тоа време. Вечерта на снимањето на поткастот беа Оскарите, па си помуабетивме за најизивиканите филмови со што го затворивме муабетот, со срдечен поздрав! 


Сумирање и транскрипција


Во овој поткаст Јане Алтипармаков и Дива Лига (Ана Чушкова) разговараат за предизвиците и комплексноста на филмската индустрија, потребата од знаење и искуство за успешност во ова занимање, како и за различните перцепции и очекувања од филмската режија, нуди поглед во филмската индустрија и ги истакнува предизвиците и комплексноста на ова занимање. Поткастот ги истакнува предизвиците и размислувањата што ги предизвика пандемијата на COVID-19 и ги поттикнува слушателите да се фокусираат на самоусовршување, искреност и хуманост во своите животи. Се разговара за реалноста на можен нуклеарниот судир и неговите последици, како и за пропагандата и поделбата на Запад и Исток. Говорниците изразуваат страв од нуклеарен холокауст и се согласуваат дека треба да се комуницира повеќе и да се победат пропагандите. Тие заклучуваат дека потребно е да се работи на приближување и хуманост и да се надминат поделбите и егото. Во поткастот се разговара и за два филма - "Сироти нешта" и "Опенхајмер", каде што се коментира стилот на режирање и актерските улоги.



1:01мин - Заразен сум со филмови од страна на мојот татко, кој беше и остана филмофил: ме носеше во Кино Карпош. 


5:40   - Треба човек да има животно искуство а и некои предзнаења, за да може да се осуди да студира филмска и тв режија. 


22:49 -  Потсвесното вибрирање ме донесе во контакт со луѓе кои биле токму дел од тој проект - The Hip. 


26:00 - За патриотизмот. 


30:00 - 90-ти ривајвл кај младината значи добар прием на филмот The hip - brainstorm. 


42:00  - Јас сум пресреќен што Наташа - Лени - препозна во мене сродна душа. 


54:30 - Ние сме на праг на нуклеарна апокалипса! 


58:00 - Вечерта на Оскарите ги разговараме, Дуна 2, Сироти нешта, Опенхајмер, Барби…





Јане можете да го најдете на


неговиот Јутјуб канал


Неговиот Фејсбук

Лени Галерија

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page