Кога притисокот врз Џо Роган растеше прво со отворено писмо од научници и доктори, а потоа со повлекување на Нил Јанг и Џони Мичел, Спотифај изгуби 2 милијарди долари од пазарна вредност, но навистина ретко кој веруваше дека златното дете на Спотифај ќе добие било што освен поддршка. Спотифај како одговор постави предупредувања дека се зборува за ковид и линкови до официјални извори на информации - нешто што останатите платформи веќе одамна го направија.
Но она што беше необично беше жолчната одбрана на претседателот на Спотифај Даниел Ек.
„Ние не се вклопуваме уредно во само една категорија. Ние дефинираме сосема нов простор на технологија и медиуми. Ние сме многу различен вид на компанија...
Ние не сме во бизнисот да го диктираме дискурсот што овие создавачи сакаат да го имаат во нивните емисии. И ако сакаме само да направиме содржина што сите ни се допаѓа и со која се согласуваме, ќе треба да ја елиминираме религијата, и политиката, и комедијата, и здравјето, и животната средина и образованието, списокот продолжува и натаму и натаму, бидејќи овие се навистина комплицирани прашања. И ако ги ограничиме овие поделени теми, врвните креатори ќе си заминат, а корисниците на кои им е лишен избор во содржината ќе избегаат од нашата платформа и ќе бараат други алтернативи. И ова, се разбира, би значело дека никогаш нема да ја постигнеме нашата мисија. Тогаш, по која цена го правиме ова?
Па, Spotify е за дозволување на разговор и поттикнување мисла. Долго време рековме дека сакаме да забавуваме, инспирираме и едуцираме, но за да го направиме тоа, мора да го најдеме најдобриот можен начин да го балансираме креативното изразување со безбедноста на нашите слушатели. И тие две работи ретко се во конфликт, но кога се, тогаш ние влегуваме и преземаме соодветни мерки. И ниту еден креатор на содржини не е изземен од таа позиција. Никој.
..
За да се бориме против ова, требаше да најдеме потпора. И еден начин на кој можевме да го направиме ова беше во форма на ексклузивци, конкретно со гласови како оние на Џо Роган, на Обама, Брене Браун, Дакс Шепард, само да наведам неколку. ...
Меѓутоа, луѓето тврдат дека со ексклузивноста дека ние сме всушност издавач, а не платформа. Затоа сакав да направам чекор назад и да објаснам како размислувам за тоа. Ајде прво да дефинираме што е издавач. Издавачот има уредувачка контрола врз содржината на создавачот. Тие можат да преземат акција за содржината уште пред да биде објавена. Тие можат да уредуваат, можат да курираат, можат да го сменат гостинот, дури можат да одлучат да не објавуваат воопшто. И иако JRE е ексклузивна, таа е лиценцирана содржина.
Важно е да се напомене дека немаме креативна контрола врз содржината на Џо Роган. Не го одобруваме неговиот гостин однапред и, како и секој друг креатор, ја добиваме неговата содржина кога објавува, а потоа ја прегледуваме, а доколку ги прекршува нашите правила, ги преземаме соодветните дејствија за спроведување. Ова воопшто не е невообичаена позиција во медиумската индустрија. Тоа е истото што всушност го имаме и со нашата лиценцирана музичка содржина. И тоа е истиот пристап со другите подкастери, како што се Дакс Шепард и Брене Браун...“
Ова е дел од говор кој го држел во градската сала во Лос Ангелес на неговите вработени. Но кратко после говорот, кога се чинеше дека прашината слегнува - се појави Греми добитиничката Индиа Ари на ИГ и сподели две непријатни клипчиња каде што Роган дури 27 пати го кажува н-зборот и тоа онаа потешката, "hard R" варијанта но и клип каде кажува дека кога залутале во црнечка населба се почуствувал како да е во планетата на мајмуните. „симнете ме! Ме плаќате 0.003% од пени за да го плаќате ова - не може!„
Повторно дојде извинување(со пола срце и многу правдање) на Роган, повторно дојдоа до нас информации дека Даниел Ек се уште стои со Роган: „Не само што некои од коментарите на Џо Роган се неверојатно навредливи - сакам да разјаснам дека тие не ги претставуваат вредностите на оваа компанија. Иако јас силно го осудувам она што го кажа Џо ... сфаќам дека некои ќе сакаат повеќе од само осуда. Сакам да кажам една поента многу јасно - не верувам дека замолчувањето на Џо е одговорот. Треба да имаме јасни линии околу содржината и да преземеме акција кога тие се прекрстуваат, но откажувањето на гласовите е лизгава патека“ - и повторно ја направи ситуација која во својот темел е стратешка(целата подкастерска Спотифај платформа е изградена околу Џо Роган искуството), - како ситуација која во својот темел е принципиелна: дека е прашање на слобода на говорот.
Помеѓу фактот дека Роган е исклучително допадлив, на слушателите, на гостите, на пријателите - мек, слаткоречив, фин и фактот дека доста контент креатори се изгорени од „правила и регулации„ ставките на социјалните мрежи , каде често нелогично и преосетливо ги казнуваат со ставањето на творците во „фејсбук затвор„(сабајлево од чиста мира Твитер ни ја заклучи страната, а после приговорот ја врати но без ниту еден пост ниту следачи) - значи ескалирање на оваа хиперсензитивност ќе ја направи неподнослива креативната атмосфера. Па голем дел од јавноста навагнува накај Роган.
Тој во меѓувреме е скроз unbothered ако му се верува на Инстаграм профилот...„ме прашуваат како се држам. Еве вака(видео од ресторан). А да и печурки„ - а да - неговиот подкаст има најсупериорни бројки во однос на гледаност, дури и во споредба со вести од ТВ мрежи...
Вупи Голдберг во меѓувреме седи дома и размислува што направила(по препораката на нејзината шефица откако ја суспендираше).
p.s. забегани борби со ветерници и читања на ситуацијата кои се чекор до гледање на вештерки и демони(сега се само до дип стејт стигнати) ќе ги оставиме на оние што некако стигнале до Бреитбартоидни предели и не знаат како да се вратат назад на сигурно- кај здравиот разум.
Comments