top of page

Џада Пинкет-Смит е на Њујорк тајмс бестселер листата!

Уште едно име се придружува на листата на најпопуларните автори, а тоа е Џада Пинкет-Смит. Нејзиниот нов мемоар, насловен "Worthy" (Вредна), дебитираше на Њујорк Тајмс бестселер листата оваа недела, заземајќи го четвртото место на листата за не-фикција.

Во пост на Инстаграм, Џада ја сподели својата среќа и благодарност кон нејзината публика. "Ви благодарам на семејството RTT, на „Вредна“ војниците и на сите кои сакаа да дознаат за мене отаде насловите," напиша таа.




Во истата објава, нејзиниот сопруг(веројатно?), Вил Смит, исто така и́ честиташе речиси со еуфорија: "'Њујорк Тајмс Бестселер Автор, Џада Пинкет Смит' ЧЕСТИТКИ, МАМА! Големи изгледи."

Во нејзиниот мемоар, Џада ја опиша драматичната ситуација на прославата на Оскарите во 2022 година, кога нејзиниот сопруг, Вил Смит, физички го нападна водителот Крис Рок. Таа истакна дека не сфатила дека тоа не било дел од шегата сè додека Вил не се вратил на своето седиште.

Дополнително, во мемоарите, Џада Пинкет-Смит обелодени дека таа и Вил се разделени веќе седум години, била зачудена што тој сè уште ја нарекува неговата "сопруга".

Сепак, најзначаен удел на книгата беше што ја цементираше Џада како „вештерка која сите ја мразат“(Мет Волш) затоа што голем дел од јавноста, нејзиниот мемоар и коментарите за време на промоцијата ги доживеа како понижување и омаловажување на нејзиниот „напатен“ сопруг Вил Смит - сентимент кој тој не го дели. Дури беше нарекуван и „доброволна жртва“.



Исто така, популарното веб-шоу "Муабети на црвената маса" (Red Table Talk), кое го водеше заедно со нејзината мајка Адриен Банфилд-Норис и ќерката Вилоу Смит, ќе се врати следната година.

Според актерката и музичарка, процесот на пишување на нејзината книга ја спречил да продолжи со емисијата.



Comments


bottom of page