top of page

Што доколку сите престанат да плаќаат струја?

Во Влае со години камионот кој го собира ѓубрето стануваше прогресивно помрзелив, и помрзелив. Лани Општина Карпош ми одговори: „не е тоа во наша надлежност“ - откако посочив дека се преполови фреквентноста на собирањето ѓубре. Тоа ескалираше последнава половина година кога од „мрзеливо“ статусот се промени во апсолутно хаотичен во најдобар случај, а непостоечки во најлош. И тој најлош стана стандард. Општината по социјалните мрежи повторно повтори: Комуналец е задолжен за ѓубрето, ние немаме ништо со тоа. И тогаш предложив во групата „Заедно, за зеленилото за Карпош“ - доколку ЈП Комуналец е служба независна од општината а плаќаме сметки за нејзе - логично е да престанеме да ги плаќаме, затоа што услугата - не ја добиваме! Во коментарите тоа се чинеше дека е дизни фантазија, и ми посочија дека веројатно ќе се соочиме со насилници, кои милом или силом ќе ги изнудат парите, и дека едноставно е невозможен тој подвиг. Новинарка од Слободен Печат го примети разговорот, почнала да врти броеви и да прашува зошто не се собира ѓубрето, и - уште следниот ден се „поправи камионот“(што го наведоа како причина за отсуството).


Од јули, сметките за струја се зголемија и до 40% , и веројатно тоа ќе продолжи и како се приближуваме до грејната сезона. Јасно е дека ова е глобален проблем, поскапувања, инфлација, тонење во сиромаштија... и така наидов на интервју со иницијатива која се нарекува „Не плаќај“ и која почнала од муабет на шанк.


Еве го интервјуто, па вие сами извлечете си заклучоци.



Што би се случило ако сите едноставно престанеме да ги плаќаме сметките?


Не плаќај” е нова кампања која ги повикува луѓето да престанат да ги плаќаат сметките за струја од 1 октомври (во Велика Британија) - овде разговараме со организаторите за да дознаеме дали навистина може да профункционира

Дали некогаш сте се запрашале што би се случило ако сите едноставно се одлучиме да престанеме да ги плаќаме нашите сметки? Дали доколку толку многу од нас одбијат да платат, енергетските компании едноставно нема да можат да направат ништо околу тоа? Можеби звучи како сон, но „Не плаќај“ е нова кампања која ги повикува луѓето да ги откажат своите директни задолжувања од 1 октомври. Ако еден милион луѓе ја дадат својата поддршка, штрајкот ќе продолжи.






Претходно во април, група пријатели дошле на идеја во паб откако почувствувале потреба да направат нешто за да се борат со вртоглавата криза на трошоците за живот. „Сите ние сме социјално и класно свесни луѓе кои често разговараме и правиме планови да одговориме на она што го гледаме како угнетувачко економско насилство извршено врз луѓето од работничката класа“, вели Џес, еден од организаторите, за Dazed.


„Сметките за струја и нивните трошоци се едни од најважните работи што сите ги чувствуваме во овој момент“, продолжува таа. „Со грозоморните и неправедни поскапувања што ги имавме во текот на минатата година и ги очекуваме во октомври, почувствувавме дека сега е време навистина да го направиме скокот и да започнеме со „Не плаќај“.


Џес е во право: сметките за енергија се зголемија за речиси половина во април, оставајќи околу 6,5 милиони луѓе неспособни доволно да ги загреат своите домови - неверојатна бројка за шестата по големина економија во светот. Работите треба да се влошат, исто така, со тоа што се очекува сметките да се зголемат од просечни 2.000 фунти годишно на 3.000 фунти годишно во октомври, што се проценува дека ќе втурне уште два милиони луѓе во сиромаштија со гориво.

Џес објаснува дека движењето исто така се обидува да изрази солидарност со оние кои веќе се финансиски неспособни да платат. „Во Обединетото Кралство има 28 милиони домаќинства кои користат електрична енергија и гас. Најмалку 1 милион луѓе се веќе во долгови - т.е. луѓе кои не можат да платат. Оваа бројка масовно ќе се зголеми како што доаѓаме кон зимата - просечните сметки за енергија ќе се тројно зголемени од минатото лето“.

Во моментов, над 5.000 луѓе се пријавиле да волонтираат, а 140.000 летоци се нарачани од веб-страницата „Не плаќај“. „Одговорот досега беше неверојатно моќен“, вели Џес. „Веќе сме во огромна криза и сите знаат дека ќе стане многу полошо доколку не дојде до голема промена во насоката“.

Неоспорно е импресивно - но дали организаторите кои стојат зад „Не плаќај“ навистина можат да ја изведат кампањата? На крајот на краиштата, ова е Обединетото Кралство, земјата на „Keep calm and carry on“(остани сталожен и продолжи понатаму) и „Блиц дух“ и „stiff upper lip“(вкочанета горна уста – фраза која отсликкува стоицизам и непокажување емоции), каде што луѓето се навлечени на тешкотии и жестоко се спротивставуваат на секаков вид граѓанска непослушност. Нема вистинско чувство за заедница или сочувство, благодарение на децениската индивидуалистичка политика на ториевците што го еродира социјалното ткиво и промовира менталитет „секој човек за себе“.


Но, организаторите се свесни за ова - и тие посочуваат дека не е како Британците претходно да не ја оспорувале општествената неправда.„Бидете повеќе од само хаштаг и вирална кампања на социјалните мрежи“, изјави Џес за Dazed. „Бунтот на Анкетниот данок од 1989 и 1990 година е вистински извор на инспирација, каде што 17 милиони не платија [укинувањето на Анкетниот данок тогаш беше објавен во 1991 година]. Ова сè уште има многу силно културно и политичко значење во Британија. Значи, за да стигнеме до еден милион, имаме за цел да го олесниме создавањето на многу локализирани групи - можеби дури и на ниво на улици или населби - за да помогнеме да се извлече заветот пред 1 октомври“.


„Како и со било што, имаше загрижености и прашања“, продолжува Џес. „Луѓето прашуваа што можат да направат ако се на припејд бројач и не можат да штрајкуваат затоа што тоа значи дека ќе бидат отсечени од снабдувањето, но тие сепак можат да ја поддржат кампањата во нивните локални заедници“.


Други се загрижени поради стравот од исклучување - но всушност е тешко за енергетските компании да ги исклучат клиентите. Според веб-страницата „Не плаќај“, во 2018 година беа пријавени дури осум исклучувања на снабдувањето со енергија поради неплаќање. Тоа, рече - сè уште е ризик, како и штетен ефект врз кредитниот статус на штрајкувачите. „Иако знаеме дека постојат начини да ги ублажиме, реалноста на ситуацијата е дека милиони луѓе сепак ќе се соочат со нив ако не ја преземеме оваа акција“, вели Џес. „И тие ќе мора да се соочат сами со нив“.


„Сакаме да ја изградиме нашата колективна моќ, да ги поддржуваме нашите соседи и да им дадеме на луѓето надеж дека работите можат да бидат поинакви

Comentarios


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page