top of page

Фрејзурбан е новиот тренд декор од 90-те заснован на „Фрејзер“

Од Мери Френсис Френки Нап


Што ќе дојде после оваа Y2K ренесанса?




Освен ако не сте живееле во торба минатата година ( додуша би било разбирливо ) веројатно забележавте дека „naughty aughtieѕ“( палавите 00-ти) се вратија. Juicy Couture влегоа во партнерство со Parade, најпопуларниот Ген Зи бренд за инста-долна облека кај микро инфлуенсерите. Ген Зи одново се фасцинирсше со прото-инфлуенсерката Парис Хилтон и искрено - супер е. Беше мрачна година, и овој розев барок од 2000-те ми дојде добро.


Имам многу беж теорија. Која извира од ниш естетиката од 80-те и 90-те (во некои случаи раните 2000-ти) која хибернирала во удобниот, serif-font и кафулиња, дел од мојот мозок, веднаш до моите Фрејзер ДВД сетови и копија од Myst. Немав ниту име за нејзе додека не налетав на архивскиот ангажман на Истражувачкиот институт на конзумеристичка естететика ( the Consumer Aesthetics Research Institute (CARI) ) кој е колектив на дизајнери и истражувачи кои „ги категоризираат конзумеристичките естетики од доцниот среден век, и градат нова таксономија за овие микро-движења кои се длабоко запечатени во нашата дизајнерска свест но се безимени.“





Ние треба да им заблагодариме за ентериер стилот познат како Фрејзурбан кои совршено го енкапсулираат мојот беж-кор од 90-те.

„Стилот се чини дека се појави во доцните 1980-ти кога бејби бумерите кулминираа во своите јапи години, се смируваа и гледаа да присвојат пософистицирана естетика и животен стил. Привремено го нареков „Доцни 90-ти урбан-софистициран вештачки износен - винтиџ - со етно атмосфера. Толку многу аспекти на ТВ-шоуто Фрејзер даваат пример за квалитетите на овој стил; од ентериерот на неговиот апартман, до константната опсесија да делува културно и софистицирано“ - објаснува Колинс од CARI . Така, во 2017-та, кованицата од Фрејзер-Урбан беше родена.

Искрено, јас сум пресреќна за оние од нас кои живееја во Фрејзер годините (си ги диплам чаршавите) за да дочекаме повторно враќање. Фрејзер беше белата врева на моето детство. Има цели епизоди посветени на кавијар, Антик Роадшоу и декорации за врата..Серијата беше АСМР пионер. Беше воглавно за дожд, манири, и им даваше на луѓето нормкор стандард исполнет со Скребл, чорапи и сандали и земјени тонови.




Ако сето ова делува расеано, тоа е затоа што е така. Фрејзурбан е постмодерна чорба, вели Колинс, и „има елементи на неокласично PoMo, бидермаери и Арт Деко измешани со малку разиграни геометриски композиции видени во делата на Мемфис-Милано, Роберт Стерн, Мајкл Грејвс, [и многу повеќе. ]“.

Фрејзурбан во полн сјај е декор со Човекот од Витрувија, глобуси, и давење на егзистенцијалните кризи во еспресо . Како што ликот Најлс Крејн еднаш рече „не е ништо посебно, но е доволно тешко да се изговори за да се заплашат барабите.“






Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page