top of page

Фотографиите на Натали Карпушенко инспирирани од морскиот свет



Која е фотографката Натали Карпушенко?

Натали Карпушенко е фотограф, авантурист и светски патник, која се занимава со подводна фотографија и документирање на животот на китовите и морскот живот воопшто. Таа е родена во Украина, но живее и работи во Москва, Русија. Таа е дипломирана физичарка, но го продолжува своето образование во фотографијата - стекнала магистратура по фотографија во Московскиот државен универзитет за хуманистички науки.




Натали Карпушенко се запознала со подводниот свет преку својот сопруг, кој исто така е фотограф и инструктор по нуркање. Таа започнала да нурка во 2012 година и од тогаш не престанала да го истражува и да го фотографира морското богатство. Таа имала прилика да работи во различни делови на светот, како Хаваи, Мексико, Доминиканска Република, Филипини, Индонезија, Египет…



„Моите идеи почнуваат во природата и се обликуваат кога ќе додадам човек во тој контекст. Можеби ќе забележам некоја форма на карпа и ќе видам како ја отсликува женската фигура. Можеби ќе видам животно во неговото живеалиште во дивината, па ќе ме потсети дека и ние некогаш бевме диви. Или можеби пливам низ пластика во океанот и се прашувам какво е чувството да се биде риба со ѓубре во својот дом.
Мојата уметност е резултат на мојата желба повторно да се поврзам со природниот свет - особено преку водата, елементот од кој сите потекнуваме. Мојата уметност е исто така движење - да поттикнам благодарност и страст за грижата за нашата планета и за нас самите.





Една од нејзините најголеми страсти е да нурка со китовите и да го документира нивното поведение и емоции. Забележала дека китовите се извонредни суштества, кои имаат свесност, интелигенција и чувства.

Карпушенко смета дека подводната фотографија е начин да се сподели убавината и значењето на морските животни со широката јавност и да се подигне свеста за нивната заштита.


Натали Карпушенко имала изложби на своите фотографии во Русија и во странство. Таа исто така учествувала во неколку меѓународни конкурси за подводна фотографија и освоила награди и признанија. Неодамна таа беше гостин на подкастот Pokolenie Zero, каде што зборуваше за своето искуство со нуркањето со китовите и за проблемот со пластичниот отпад во океаните.




Натали Карпушенко е фотографката, која не само што прави убави слики, туку и што им дава глас на оние, кои не можат да зборат за себе. Таа е фотографката, која нè инспирира да го цениме и да го чуваме подводниот свет.



Во моите фотографии се трудам да ја активирам фантазијата и да ги отворам очите на гледачот кон убавината што често не ја гледаме во светот, кај луѓето, во нас самите.
Гледачот на моите фотографии од реалноста на која е навикна да ја доживува и да му помогнам да гледа низ нова, чувствителна леќа. На пример, пластиката на моите фотографии го претставува влијанието што луѓето го имаат врз океанот - задушувачко, не треба да биде таму. Човек завиткан до кит кој е огромен, кој е дома и е слободен, покажува како сите заедно имаме влијание и живееме во овој свет “.


Стани Дивотно

Comentários


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page