top of page

Филмот „Денот на ослободувањето“ го следи Лајбах во Северна Кореа

Филмот "Денот на ослободувањето" режиран од норвешкиот режисер Мартин Травик е авантуристичко искуство на словенечките (или Југословенските) Лајбах. Филмот не́ носи во најинтригантниот и затворен систем во светот - Северна Кореа. Во овој неверојатен проект, Лајбах гостува во Пјонгјанг, додека се спрема за настап со јавноста таму во соработка со тамошните цензори, но испратени со цинизмот на Западот: со коментарот на Џон Оливер.


Филмот не само што ни нуди инсајдерски поглед во непознатата земја и култура, туку и го истражува влијанието на уметноста и музиката како средство за споделување на идеи но и нивните граници - дали ги има, и по кој критериум се поставуваат.

Лајбах претставува моќна и провокативна авангардна група која си игра со политичките и културните норми, и со тоа со „Денот на ослободувањето“ го прикажува светот од друг аспект, ги пробива на границите и се обидува да ги деконструира стереотипите.



Comentarios


bottom of page