top of page

Украинската култура на готовс - и ние со нив!

И денес се предадов на дневната рутина која не е многу здрава: како го спремам утринското кафе, ја активирам Алекса со „добро утро„ и таа на тоа одговара со истурање на светските вести на подот на кујната. Денес слушам некој маж кој спикерката го најави како поранешен директор на MI6. Вели дека целава оваа драма со Русија е само тоа - руска драматика и дека нема ништо од тоа, дека тој е навикнат на нивните методи, и дека го очекувал тоа... Тоа беше како камилица на моето кафе. Но вестите во мејловите уште пред да ги отворам не звучат ветувачки...



Министерот за култура на Украина Олександр Ткаченко

На едно патување, жената што седеше до мене како што полетувавме ми ја зграби раката и почна емотивно да ме убедува: ова е тоа, готово е, авионот паѓа, стално патува за Шведска, и знае дека ова е моментот кога сите ќе умреме... Нејзиниот говор траеше доволно долго и убедливо додека ме турна од карпата на спокојот, авионот полета, таа заспа а јас уплашена не можев да разликувам небо од земја и гледав во ликовите на стјуардесите - исплашени се или не? Што се случува?! Слично : се обидувам во тонот на Украинците кои се обраќаат по социјалните медиуми и странскиот печат: паѓа ли авионот на европскиот па и светскиот мир? И не ветува. Не можат да ни́ го кажат истото што го кажа екс-директорот на МИ6: дека е само политички театар надвор од досегот и жанрот на дипломатијата. Еве видете и сами:




Александра Ковалчук заменик-директор на Музејот за уметности на Одеса - каде воглавно се зборува руски - напиша: „ Надворешната закана го украинизира музејот во Одеса. Кој знаеше дека 150 000 војници на границите на нашата земја ќе функционира подобро од законот за јазик?„



Александра Ковалчук со својот син пред зградата на Музејот на уметност во Одеса

Таа кажа дека музејот ги провери сите безбедности системи и затвори дупки и пропусти, што ги приметиле, и се заблагодари на полицијата за нивното внимание кон музејот и нивната одговорност кон безбедноста на музејот и неговата колекција.

Украинското знаме било додадено на сите музејски публикации, неговото лого е сега во националните бои, и поставено е на влезот.

Можеби некој мисли дека музеите треба да бидат надвор од политика.„но ја нагласи улогата која уметноста ја има во смирувањето на луѓето- затоа влезот во Недела ќе биде бесплатен за да се бори против стрес.

Сергеј Лебедински - челникот на Музејот на Каркив школата за фотографија му кажа на The Art Newspaper " Се́ уште не ни се верува дека нешто вакво се случува во Европа. Многу е тажно и многу загрижувачки. Каркив - вториот најголем град во Украина и на 40км од руската граница. Во случај на инвазија нема да имаме никаква шанса брзо да се евакуираме, како град. Но бидејќи архивите на музејот не се завршени, голем дел од постојаната поставка во моментов е складирана во Германија што е добро во овој момент. Она што е во Украина може да биде евакуирано во неколку комбиња. Вчера завршивме со инсталацијата на осветлувањето. Чудно е да се работи за идни планови кога се знае дека може да се сруши секој момент.„

Олесија Островска - Љута генерален директор на Мистетскиот Арсенал на национална култура, уметности и музејскиот комплекс во Киев кажува „Има повеќе закани, и не знаеме која ќе биде реализирана: почнувајќи од снемување струја, или исклучување на интернетот, до ескалација и целосна инвазија. Па се обидуваме да се подготвиме до колку што можеме сценарија. Има една тажна шега на украинската културна сцена: дека нема ништо повеќе терапевтско овие денови како што е пишување предлог за грант.„

После случувањата во 2014та во Украина, следеше своевидна културна окупација со напади на културните институции и егзодус на уметниците и културните работници. Олена Пек, музејски истражувач во 2018 била заробена и обвинета за шпиунажа. Се верува дека е во критична состојба откако била изложена на тортура во сепаратистички затвор.


Нападот на градинката е тип на оправдување на руска инвазија кој сите го очекуваа и од кој се плашеа


Путин ја гледа Украина како една нација со Русија и дека украинизиацијата им била наметната на оние што не се гледале како Украинци.

Во Средата Олександр ТКаченко - министерот за култура во Украина напиша: „Се́ ќе биде култура. Се́ ќе биде Украина„ на денот на заедништвото.



Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page