top of page

Тридневниот Д-Фестивал кој се одржува во Дојран е неверојатен подвиг

Иако малку си плачевме минатата седмица затоа што контрастот помеѓу МПЦ-ОА хомофобичниот и мизогиниот протест и слободата на духот и креативноста на Гластонбери фестивалот беше толку остра што болеше - излегува нема многу место за тоа. Веројатно со мала фракција, трошка од буџетот (се надеваме дека потенцијалните спонзори, па и оние што одлучуваат како се расподелуваат фондови и грантови гледаат колку е постигнато, и колкав потенцијал има - од туристичка, културна, сите оние цели за кои се зборува постојано се сосема остварливи. Замислете со големо светско име или имиња како оние што ЕГЗИТ ги носеа и носат и што сѐ е возможно), но сепак Д-Фест може да се споредува со Гластонбери во многу тоа. Тридневниот Д-Фестивал успеа да го повика оној дух на отвореност, слобода, прогресивност, и живот во најдобрата смисла на зборот.




Младиот тим кој стои позади организацијата :

Лајнапот годинава е доминантно домашен што го покажа богатството на домашната сцена, нивната потентност - каква енергија сами можат да придвижат, без да бидат сведени на загревање и предгрупи на странските имиња. Но, сепак не беше сведена исклучиво на македонски артисти.

Веќе во четвртокот почнаа да доаѓаат посетителите и да се сместуваат со шаторите:


























Фестивалот, како што е случај со неговите светски пандани, не се потпира само на музиката:









И бендовите кои настапуваа реагираа подеднакво еуфорично како и публиката.




Д-фестивалот беше документиран од фотографот Димитар Апостолов кој го користи псевдонимот Zewlean Icarus и WaderBlack - Photography & Video. Повеќе од нивната уметност можете да најдете на инстаграм профилот на Zewlean Icarus и WaderBlack.

Comments


bottom of page