”Та-та-рата-та-рат! Џака Накот сите ќе ве…”
Пред две изданија , кога излезе со неговиот албум Live on(живеј), Да Џака Накот (Владимир Џокиќ) го нарековме еден од најплодните музичари и уметници на македонски!
И та-та-ра-тат! - еве го повторно со ново ЕP: Tataratat, со несмален интензитет, гневен како и секогаш, вешто говорејќи вистина на моќ(truth to power) - римувано.
Не само што Џака е хроничар на своето време, и доколку не е овде да ги препознае и регистрира урбаните болки се плашиме не само што сеќавањето ќе испари, наративот по обичај ќе биде особено ранлив на ревизија, туку и современиот македонски јазик (уличниот, говорниот) ќе се изгуби. Тоа е една од неговите најголеми силни точки: се чини со голема леснотија дека го покажува во својата еластичност, и сочност…Па честата неоправдана поплака (”македонскиот не може да се адаптира лесно во музика а тоа да звучи добро”) која до ден денес опстојува, ја-татарата - поразува…
“Говнари пуни кеш, градење не им пречи/
смс донации за да се лечиш/
лепат на слободоумните етикети
премногу гомна и мрак за да светиш
гинат пешаци на пешачки/
криминалци ко лебарки/
нема бубреже во лој нешто да не фали/
Тој син, тој- баџанак, братучед- непотизам/
менување историја- рехабилитиран фашизам!/
бизнис ко вообичаено,
секое ветување е заборавено/
лепено-сечено-монтирано…
дивоградбите на Охрид смрдат до чинарот!
приватизација на Матка
лудило глуми власта!/
ЕП-то можете да го најдете на сите платформи.
Comments