top of page

Тагување: туторијал.

Македонската колективна тага, нејзините конци се чини дека се провлечени во секој разбој. До таа мерка што веќе ретко што можеме да кажеме за себе без да се повикаме на нејзе, дури и најсреќните моменти. Се чини не знаеме како да бидеме без нејзе. Добрата вест е што е можно да се одучи, и да се прекине таа генерациска клетва. Минативе година-две а посебно минатиов месец, ескалираше во траума. Го пишуваме ова, бидејќи обидите да се ускрати правото на изразување на таа болка (се чини од партиски активисти?) е вознемирувачко само по себе... Па би почнале да ја третираме таа тема со освестување, не само преку уметноста туку и посочување:


„Кои се некои од начините преку кои заедниците можат да тагуваат?

- Јавни погреби и меморијални церемонии

- Состаноци во градски собранија и други јавни форуми

- Протести и митинзи

- Паради и процесии

- Минута молк, или молитви

- Терапија за тага понудена од градот, психолошки центри, цркви, и други групи. .

- Донации да се помогнат оние кои се најдиректно погодени

- Волонтерски акции за чистење, градење, итн...

- Постови на социјални медиуми и групи



Comentarios


bottom of page