top of page

Страшни поткасти за Халовин расположение: три хорор поткаст класици!

 


Постои една стара поговорка за хорор филмовите, која е често припишувана на Алфред Хичкок: она што нема да го видиш често е пострашно од виденото. Ова ги прави аудио-драмите одлични возила за хорор жанрот, затоа што отсуството на на визуелното раскажување на приказни, ги присилува слушателите да ги пополнат празнините со соптсвената фантазија. Што и да смисли умот, направено по мерка за неврози и стравови може да биде многу пострашно од било кој опиплив дух или чудовшите. 


Поткастиве го земаат тоа во своја корист  на различни начини, и ни носат вознемирувачки вистински приказни на секојдневен хорор, живи прераскажувања на страшни филмови, за оние кои се премногу исплашени да го гледаат филмот и величествено морничави драми за натприродното. 


‘Alice Isn’t Dead’(,,Алис не е мртва")


 

Колку и да е отворениот автопат симбол на слобода во американската фикција, исто така претставува опасност, особено доколку си жена која патува сама. Тој вид на опасност лежи во основата на секој момент од воодушевувачката, вознемирувачка серија на Џозеф Финк, која следи една жена возач на камион која вози низ целата земја во потрага на вистината за наводната смрт на нејзината сопруга. 

Финк, најдобро познат на обожавателите на поткастите како ко-креатор на „Welcome to Night Vale“, бил инспириран да ја напише „Alice Isn’t Dead” откако поминувал многу часови сам на пат за време на турнеја, а тој и главната гласовна актерка Џасика Никол, вешто го доловуваат го тоа психолошко искуство, полуоформените погледи на градовите низ кои минуваш и чудните тек на свеста мисли што се појавуваат после премногу време поминато во самотија. Составен од аудио дневниците и драматичните сцени сместени на  рестораните покрај патиштата и постојки за одмор, „Alice Isn’t Dead“ е - како и многу од најдобрите хорор приказни - повеќе се однесува  за тагата отколку за стравот, истражувајќи го чувството на неразбирлива загуба преку натприродното.

Почетни епизоди: Omelet”

 


‘Too Scary, Didn’t Watch’ (,,Многу страшно, не го гледав") 



Дали некогаш сте прочитале Википедија страница за хорор филм за кој што сте се заинтересирале, но сте биле престравени да ја гледате? Не сте сами! Овој метод за консумирање хорор отстранет за еден степен е вообичаен и тој е основата на овој забавен и навлекувачки поткаст со огледи. Семи Смарт е хорор љубителка која гледа филмови за нејзините плашливи ко-водителки Емили Гонзалес и Хенли Кокс не мораат. Над 200 епизоди триото покрија модерни класици како „Get Out” („Излези“) на Џордан Пил и „Hereditary,” (Наследно) на Ари Астер, секогаш присутното “The Shining” („Сјаење“) и толку лоши што се добри бисерите, како збунувачкиот римејк од 2006-та „The Wicker Man” со Николас Кејџ. Како многу поткасти од овој ков хемијата помеѓу трите водителки е тоа што го прави „The Wicker Man”толку привлечен - Гонзалес, Кокс, и Смарт брзо стануваат ваши парасоцијални најдобри другарки кои се кријат позади перничињата на каучот со тебе. 

 Стартер епизода:  “Midsommar Revisited”

 

‘The NoSleep Podcast’ (НемаСпиење поткасот)


НемаСпиење долго беше еден од најголемите Редит форуми кој себеси се сметаше како местото на кое се разменуваат „страшни лични искуства.“ Тоа е потсмешлив опис, секако, затоа што споделените приказни се фиктивни, но нагласувањето е автентично, хорор наративи во прво лице е што ја прави заедницата толку забавна, предизвикувајќи атмосфера на деца гладни да бидат исплашени собрани околу логорски оган, натпреварувајќи се во меѓусебното плашење. Овој спиноф подкаст ја рекреира таа магија во формат на антологиски серии, препакувајќи ги најпопуларните приказни испратени од корисниците како раскажани аудио драми, комплетирани со морничави музички ефекти и звучни пејзажи. Сега во својата 19-та сезона, серијата има каталог на застрашувачки приказни на кој му нема крај, и иако веќе не ги преземаат сите приказни од форумот, висококвалитетните морници се конзистентни.


留言


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page