Почина Стивен Вилхајт, еден од водечките пронаоѓачи на GIFовите - потврди за The Verge неговата сопруга Кеталин. Тој бил опкружен со семејството кога починал. Неговиот некролог забележува дека „и покрај сите негови достигнувања, тој остана многу скромен, љубезен и добар човек“
Стивен Вилхајт работел на GIF (Graphics Interchange Format) графички формат за размена, кој сега се користи за реакции, пораки и шеги, додека бил вработен во CompuServe во 1980-тите. Тој се пензионирал во раните 2000-ти и го поминувал своето време патувајќи, кампувајќи и градејќи модели на возови во својот подрум.
„Тој сам го измисли GIF-от дома и го однесе на работа откако го усоврши“, рече неговата сопруга Кеталин, во неодамна објавениот некролог.
Додека примарна функција денес е да создава анимирани мемиња и објави за реакции, првичната цел на GIF беше да дистрибуира „графика со висок квалитет, со висока резолуција“ на интернет.
CompuServe потоа го воведе форматот во доцните 1980-ти, каде што остана во стагнација до 1998 година кога компанијата беше купена од AOL. Патентите за GIF истекоа, што ѝ овозможи на јавноста да почне да се занимава со него. Руската уметница Олиа Лиалина беше една од првите што го искористи во 1997 година, по што следеше покојниот аниматор Чак Појнтер кој почина во 2001 година, но зад себе остави еден куп анимации кои се сметаат за рани значајни GIF-ови.
„Тогаш не бев баш вљубена во овој формат. Сакав да биде видео, но анимираниот GIF беше единствениот начин да се добие подвижна слика во браусерот“.
Кога Tumblr доби GIF датотеки во 2007 година, сè се промени. Форматот подоцна беше подигнат од повеќе социјални платформи, вклучувајќи ги Myspace, Facebook, Instagram и многу други. И денес, во 2022 година, цели стории и вести се градат преку овој формат.
Среќна околност е тоа што Вилхајт успеал да го види подемот на неговиот изум во реално време.
Со сета негова пролиферација, се чини дека сè уште нема консензус за тоа како да се изговара често користениот GIF. Во 2013 година, Вилхајт зборуваше за Њујорк Тајмс за неговиот официјален изговор. „Оксфордскиот англиски речник ги прифаќа двата изговори“, рече тој. „Тие грешат. Тоа е меко „Г“, изговорено „џиф“. Крај на приказната“.
Значи - џифче на македонски
Не можеме да се расправаме со самиот пронаоѓач. Почивај во мир Стивен Вилхајт. Придонесе за поп културата повеќе отколку што можеше да замислиш.
Comentarios