top of page

Соло проектот Мирко Попов Квартет со нов сингл “Дијагноза”





Мирко Попов Квартет излезе со нов сингл – Дијагноза. Синглот се чини дека е епилог или фуснота на медиумската галама која се случи кога на митинг на локалните избори после драматична пауза констатираше „Скопје е...дијагноза„ и со тоа медиумите, често мрзеливи, во елаборирањето или едноставно пишувањето на приказни – се закачија за моментот кој отскокна од старите уморни фрази, и ги покачи пулсовите, и со тоа ги нахрани сеирџиските кучиња.




Мирко Попов самиот вели дека не е изверзиран во новата технологија и дека има отпор кон дигиталната ера, но доколку тоа навистина е така е вистинска штета: со излегувањето на синглот Дијагноза покажува талент и смисла за контрола на наративот, и не му се дава така лесно. Оние кои се „маркетиншки генијалци„ обично преку хумор ги превртуваат контроверзните моменти наопаку, и со исмејување ја празнат гневната енергија. Но реконтекстуализирањето на елемeнт кој е извор на препирки, и реапроприација во посакувано значење е нешто повеќе од само маркетиншки трик - тоа бара креативност и талент. Го видовме Кање Вест пред една деценија како позира нагрнат со расистичкото конфедерациско знаме а потоа носеше и јакна со знаменце на ракавот: „Реагирајте како сакате секоја енергија е добра енергија. Знамето на Конфедерацијата на некој начин го претставуваше ропството. Тоа е моето апстрактно мислење за она што го знам за тоа, нели? Па, ја напишав песната „Нови робови“. Па, го зедов знамето на Конфедерацијата и го направив мое знаме. Сега е мое знаме!“

Но повеќе од само насловот кој може да се гледа како јадица, оваа електро трака е песна за Скопје, лајтмотивот на Мирко Попов кој е поставен наспроти „Македонија„(или „Македониа„) во не само неговото творештво туку и јавен дискурс кој се провелкува од интервјуа, па и низ коментари по социјалните медиуми. Тој сонува за Скопје во сите свои несовршености,

Живееш во град во мојот град

Соништа во кал

Не е град во омраз шал

Околу вратот мал

како Њујорк, Лондон, како прогресивен, урбан интелектуален елемент, наспроти регресивната, назадна, емотивна, ако не и инстинктивна конзервативна, националистичка „Маќедонијa”. Оваа дихотомија поставена среде амбиција да се придвижи Македонија од општество кое е комично во својата немоќ кон средина која е во најмала рака достоинствена. Всушност се сеќаваме на Мирко на своите 20+ години во 90-тите, како кажува на камерата (ова во кулминацијата на транзициската Македонија, и завоениот Балкан) дека има голема доза на оптимизам, дека ќе пораснеме во општество во кое се надеваме.





Една деценија подоцна, ПМГ стана од колектив во бенд, и дебитираше со „Скопјанка„ во 2007-ма (кога дел од Скопје во еуфорија ја потпевнуваше во тие денови, а слушавме анегдоти од типот „Татко ми ме праша дали ја слушнав Скопјанка„) и до ден денес, го нема напуштено Скопје како мотив на текстовите, инспирација, креативна опсесија која според него преоѓа во патологија, во дијагноза. Мирко Попов стана современ, музички, Данило Коцевски, само што скопската хроника на Мирко не е во бележење историографии, туку носталгијата се чита преку музиката и текстовите: лесно може да се слее Дијагноза во Атомик од Блонди, или во било која електро, електро/клеш, рок, поп мелодија од скопските подиуми во бесконечните журки на нашите животи.













Стани Дивотно

Kommentare


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page