top of page

„Се чувствувам како клошар покрај А$AP Rocky“

Во искрениот разговор на Ријана со Мел Отенберг, Ријана зборува отворено и со доверба кон него - нејзиниот поранешен стилист и долгогодишен пријател. Среде припремите за приватен настап во Индија, тие се опуштаат и разменуваат мислења за различни теми, вклучувајќи ја и модата, мајчинството, врската со А$AP Rocky, како и нејзините визии за кариерата и иднината.





ОТЕНБЕРГ: Во ред. Каква е оваа обетка?
РИЈАНА: Тоа е мал подарок од Роки.
ОТЕНБЕРГ: Тој има толку добар вкус.
РИАНА: Нели е најдобар? До човеков се чувствувам како клошар. Се чувствувам, да му се сневиди, личам како да сум му личниот асистент. Одиме на авион. Треба да бидеме во тренерки. Тој сака да биде во целосен костум на Ботега. А јас сум као, "Зошто мораше да ми го направиш тоа?"
ОТЕНБЕРГ: Има ли мала компетитивност за изгледот?
РИЈАНА: Не. Повеќе е како да го трошам времето облекувајќи ги децата до крајни граници, а потоа велам: „Која е најудобната облека за носење околу нив? Што нема да се чувствуваат непријатно ако се допрам на нивното лице или на нивното тело или да се чувствувам како да не можам да ги држам правилно? Мајките се мрзливи во облекувањето во реалниот живот.


Во отворената и релаксирана атмосфера, Ријана зборува за динамиката на нивната врска, за нивните деца и за начинот на кој пандемијата на COVID-19 ги приближила и реализирала нивните планови за семејство. Со Отенберг, таа делела спомени од минатото, амбиции за иднината и секојдневните предизвици и радости на мајчинството


ОТЕНБЕРГ: Чекајте, дали бевте заедно за„Fashion Killa“?
РИЈАНА: Никако, не. Ме замоли да бидам во спотот. Вирџил [Абло] го снимаше.
ОТЕНБЕРГ: Никогаш не поставував прашања затоа што тоа беше, TMI.
РИЈАНА: Исто ја гледавме модата. Исто ја гледавме креативноста. Се движевме во исти кругови. И покрај тоа, кога пораснавме, си ги поддржувавме брендовите и производите еден на друг . Јас ќе ги носев неговите срања, тој ќе се појавеше на моите лансирања. Но, тоа не беше до крајот на 2019 година -
ОТЕНБЕРГ: Дали тоа беше ДМ, СМС?
РИЈАНА: Не! Се познаваме долго време. Го гледав во врски. Ме виде во врски. Се видовме надвор од врските. Знаевме за што сме способни и за неволјата што можеме да си ја донесеме еден на друг во животот. Што можеме да си направиме или да ги скршиме срцата еден на друг. И така, почнавме да излегуваме со многу претпазливост. Само дозволив да се случи се што требаше да се случи. Беше едноставно: „Ова е цвет. Или ќе умре или ќе процвета. Но, ќе оставам да си одлучи само“. КОВИД ја забрза нашата врска, која се чувствував како бог да знае дека ни е потребна затоа што ќе основаме семејство. И да не беше КОВИД, ќе ни требаше многу повеќе време да се чувствуваме удобно еден со друг, дури и да знаевме дека сме подготвени.




Интервју магазинот, кој е основан од Енди Ворхол е познат по своите длабоко лични и искрени разговори со славни личности, нè воведува во нова димензија на поп иконата Ријана. Во свежото издание, Ријана се појавува во комбинација од Dior, Savage X Fenty и Fenty Puma, додека разговара со нејзиниот поранешен стилист и сегашен пријател, Мел Отенберг.






извор: The Interview Magazine,

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page