...сѐ додека не ми се јави Ферида Дураковиќ, со веста за смртта на Дубравка Угрешиќ. Сега едвај се дише, на шкрги. Се зас’ркнав од пијалокот за душа. Зошто не можевме веднаш да седнеме во кола со најглупавите поклони и да зашибаме во Амстердам, кога ја добив нејзината последна порака, неодамна?
„Ќе пробам. Се надевам дека ќе успеам. Ако не успеам, ќе мораш да ми простиш. Те сака, д.“
Беше тоа одговор на молбата да напише „blurb“ за книгата која Ноа и јас ја составивме, и сонувавме дека таа ќе го напише со неколку иронични зборови. Ледената стварност, позади пораката удираше во главата, а немав доволно проклета фантазија да ја протолкувам. Извлеков од нејзе, само дека има проблеми со очите. И покрај сѐ, нема да можам да ѝ простам. Не смее така да се замине, без Нобелова награда, додека Словените меѓусебно се убиваат, додека сите се забрануваат, додека „оние“ државички се мачат на последните конци, додека сеќавањето уште мачи, затоа што никој не смее да го евтаназира. Не е некоја утеха дека отиде, сето тоа своето, врвно, најдобро, го зачува и заштити. Седи, читај, повторувај, проучувај, пишувај (важи за сите, кои со пишувањето ги спасуваше). Тажно? Ни најмалку. Остана над, пример дека глупоста и злобата можат да се изништат со еден потег на перото, а без верба, надеж, и останатите домовински - патријахални лаги.
Секако дека успеа, во сѐ.
Светлана Слапшак, 18.03.2023.
Изворно:
Sve dok mi se nije javila Ferida Duraković, sa vešću o smrti Dubravke Ugrešić. Sad se jedva diše, na škrge. Zagrcnula sam se na piću za dušu. Zašto nismo mogli odmah sesti u kola sa najglupljim poklonima i odšibati u Amsterdam, kad sam dobila poslednju njenu poruku, nedavno?
„Pokušat ću. Nadam se da ću uspjeti. Ako ne uspijem morat ćeš mi oprostiti. Voli te, d.“
Bio je to odgovor na molbu da napiše „blurb“ za knjigu koju smo Noah i ja sastavili i sanjali da će ona napisati nekoliko ironičnih reči. Ledena stvarnost iza poruke udarala je u glavu, a nisam imala dovoljno prokletu maštu da je protumačim. Izvukla sam od nje samo da ima probleme sa očima. Pored svega, neću moći da joj oprostim. Ne sme se tako otići, bez Nobelove nagrade, dok se Sloveni međusobno ubijaju, dok svi sve zabranjuju, dok „one“ državice tavore na zadnjim koncima, dok se sećanje još muči jer niko ne sme da ga eutanazira. Nije neka uteha da je otišla da sve to, svoje, vrhunsko, najbolje, očuva i zaštiti. Sedi, čitaj, ponavljaj, proučavaj, piši (važi za sve koje je pisanjem spasavala). Tužno? Ni najmanje. Ostala je iznad, primer da se glupost i zloba mogu izništiti jednim potezom pera, a bez vere, nade i ostalih domovinsko-patrijarhalnih laži.
Naravno da je uspela, u svemu.
Comments