Последниот концерт на Рјуичи Сакамото, беше глобален онлајн концерт, насловен „Рјуичи Сакамото: Свири пијано 2022“ ("Ryuichi Sakamoto: Playing the Piano 2022") - во режија на Норика Сора. После првичната дијагноза на рак, во јуни 2021, неговата физичка сила опаѓаше, и со тоа тој ги прекина сите планирани активности. „Немам повеќе физичка сила да оддржам концерт во живо. Можеби ова е последен пат на кој ќе свирам на овој начин.“
И така и беше.
Концертот синтетизираше 12 класични дела на Сакамото вклучувајќи го и „The Last Emperor" и "Merry Christmas, Mr. Lawrence", и со тоа донесе настап набиен со значење. Посветеноста на Рјуичи на концертот, како негов последен музички коментар во живо, може да се прочита и од изборот на студиото: тој го избра Студиото 509, кое е врвно студио за снимање во Шибуја, Токио. На настапот имаше сребрено - бела коса, едноставна црна одежда, и не зборуваше премногу. Музиката беше доволна, но и најмоќна исповед на Рјуичи Сакамото кон неговите фанови.
Музичкиот свет на Сакамото, секогаш беше исполнет со силата на мирното придружништво. Им дава на луѓето императив да се борат против осаменоста на светот со храброст. Но гледајќи назад на музичкото патешествие на Рјуичи Сакамото, тој секогаш го изодувал сам, во неговите рани денови.
Кога бил второ одделение во основно школо, неговото семејство се преселило во нов дом во Осан, кој бил доста одалечен од школото, па морал да патува со автобус. Затоа немал пријатели во близина на неговиот дом, како што немал браќа и сестри, затоа и често свирел сам. Можеби токму заради тоа, Рјуичи Сакамото бил „ТВ дете“ со тапија. Тој често беше запознаен со популарните американски и јапонски ТВ драми од тоа време, и музичките теми на сериите, му се врежале длабоко во неговиот ум. Во основно школо учел пијано од Токујама Шоуко. Во петто и шесто одделение, сите што учеле пијано со него, го напуштиле класот, и тој останал сам да го учи инструментот. Во исто време, Г. Токујама му препорачал да почне да учи и компонирање. После серија на убедувања, Сакамото конечно се приклучил на класата на Миносуке Мацумото, учител од „тешка категорија“ во Универзитетот за Уметности - отсекот за композиција.
Осаменоста е мотив и во оваа етапа во животот на Сакамото: морал да патува долго време со автомобил, за да ги слуша часовите, како единствен студент во класата. Во неговата автобиографија „Музиката е слобода“, тој го споменува овој момент многу пати. Иако имал пријатели во училиштето, тој немал пријатели во близина на домот, и секогаш свирел сам.
Во тој период, неговата мајка, го однела на многу авангарден концерт: да ја чуе музиката на Јуџи Такахаши и Кеи Ичирју. Затоа што бил многу млад, кога отишол во тоалетот, за време на паузата, некои луѓе го прашале дали ја разбира таа музика. Иако не ја разбирал, концертот имал големо влијание на Рјуичи Сакамото. Тој кажал: „Се чини дека таа вечер, нешто длабоко пенетрираше во моето тело.“
Сакамото и музиката се запознавале во случајни интервали, секогаш одново. Со тек на времето, разбирањето се продлабочило.
Но, откако се запишал во средно школо, Сакамото се одрекол од часовите по пијано и композиција, за да се приклучи на кошаркашкиот тим. Речиси една година, тој се посветил на кошарката и така стекнал пријатели, но бришењето на осаменоста, не му ја донела среќата на која се надевал. „За време на овие денови, секогаш чувствував дека нешто ми фали во моето тело. После некое време, сфатив дека она што ми недостасуваше е музиката.“
Откако сфатил дека не може да живее, без музиката да биде дел од неговиот живот, тој повторно се вратил на часовите по компонирање - овој пат со екстремна сериозност. Од Бах до Бетовен, Дебиси, и потоа до модерната музика, музичкиот квалитет на Рјуичи Сакамото се оформи на суптилен начин. Тој се запишал на Отсекот за компонирање и етномузикологија на Универзитетот по Уметност, и почнал со сопствени разнолики и интензивни музички студии.
“Кога Рјуичи Сакамото бeше средношколец во Токио, мораше да патува со воз за да стигне на час. Патниците секогаш беа набиени, заробени помеѓу залутаните екстремитети и искривените торзоа. Не можејќи да се движи, сè што можеше да направи тинејџерот Сакамото беше да слуша. Тој се забавуваше броејќи ги звуците што ги испушта возот, идентификувајќи повеќе од 10 кои можеше да очекува да ги чуе секое утро.”
Откако ги завршил студиите имал многу вработувања, поврзани со музиката. Го оформил бендот Yellow Magic Orchestra со пријателите Јукихиро Такахаши и Харуоми Хосоно. Точно пред да го издадат првиот албум со YMO, тој се подготвувал да го издаде сопствениот прв соло албум. Континуираната музичка работа го исцрпувала, но тој сепак инсистирал да се врати назад во неговата мала соба обезбедена од студиото Колумбија , откако ќе завршел со работа доцна, за да снима до зори. Гледајќи наназад, се прашувал што го мотивирало да продолжи да креира за време на тие тешки години, „Дали бев сам или со YMO, можев да креирам музика која ми се допаѓа, а е многу разнолика. Мислам дека точно овој е факторот поради кој можев да продолжам да создавам до рано наутро.“
„Внимателно слушање е навика што го носеше Сакамото низ речиси 70 години музичко истражување, секоја деценија водејќи го во нова насока. Роден е во 1952 година, годината кога Џон Кејџ ја компонирал 4'33″. Кога бил малечок, бил запознаен со пијаното, инструмент што ќе продолжи да го испитува од многу кејџиански агли. Како што 70-тите почнаа да крварат во 80-тите, тој од дипломец по етномузикологија и композиција премина во улогата на клавијатурист и текстописец за Yellow Magic Orchestra, прото-синтпоп групата предводена од Харуоми Хосоно. Во годините на соло кариера што следеа, прифаќањето на Сакамото на новиот бран електронски инструменти доведе до плодни експерименти во спојувањето на глобалните жанрови, што пак отвори место за внимателни студии на класичниот импресионизам. Многу пати во текот на соничното патешествие на Сакамото тој ќе скокнеше напред, а потоа ќе то свртеше во луп накај себе, засекогаш кажувајќи и́ на сегашноста нешто за неговото минато и иднина.“
Бесконечната креативност, се протега низ целата негова кариера. Кога првично ја прифатил работата со режисерот Нагиса Ошима, Рјуичи Сакамото всушност немал искуство со филмска музика. Го побарал продуцентот Џереми Томас, за препорака на филм, достоен за музичка референца. Откако го добил одговорот со „Граѓанинот Кејн“, тој веднаш ја купил видео траката на филмот, и почнал да ја истражува. Затоа што е филмска работа, сепак, финалниот саундтрак зависи од режисерот. Сакамото однапред напишал, каде ќе се користи музиката. И за среќа, со режисерот Ошима, идеите им биле синхронизирани речиси во целост.
Но креативната инспирација на "Merry Christmas, Mr. Lawrence" бил повеќе како блесок. „Еден ден работев на тематската песна дома, но не можам да се сетам на точниот момент, кога ја напишав мелодијата. Ја најдов како отскокнува од хартијата, пред мене и пијаното: пред да се свестам, беше таму. Можеби некој друг скришно ја напишал додека спиев.“
Доколку компонирањето на "Merry Christmas, Mr. Lawrence" е како приказна за романтична инспирација, пишувањето на „The Last Emperor" е во атмосфера на избрзаност. Во тоа време, Сакамото бил во Њу Јорк. Само што излегол од хотелот за да влезе во автомобилот, вработен од хотелот го запрел, за да прими телефонски повик од Џереми, продуцентот на „Последниот Император.“ Тој побарал од него, да ја напише музиката за филмот. И имал една недела за тоа. На крај, Рјуичи Сакамото успеал да се избори за две недели креативно време.
Претходно, никогаш не студирал кинеска музика. Првата работа што ја направил, била : посета во продавница за плочи, каде купил 20 кинески музички селекции. Откако го поминал цел ден слушајќи ги, размислувал за епохата и околностите околу кој е поставен филмот. Кога ја избирал музиката, тој ја снимал, и потоа барал од Кинезите во оркестарот да ја свират со нивните традиционални инструменти. Под толку голем притисок, Рјуичи Сакамото заокружи 44 целосни парчиња музика. Кога отиде во Лондон, со плодовите на својата макотрпна работа, тој дозна дека режисерот Бертолучи одново го премонтирал филмот. Музиката била сосема неупотреблива.
Исходот на оваа спринтерска креативна збрка, е - Оскар: најдобра оригинална музика за филм, во 1987та година.
Упорноста и љубовта за создавање, често придружувана со музика, ги инспирира оние кои можеби се во тежок момент во животот, и им треба музика како придружник. Во документарецот "Сакамото финале", Сакамото го изрецитира неговиот омилен цитат од „Небото - засолниште:
Затоа што не знаеме кога ќе умреме
Ние можеме да мислиме за животот како на непресушен бунар
Па сепак се́ се случува само во одреден број
И всушност, многу мал број,
Уште колку пати ќе се сетиш на одредено попладне на твоето детство
Некое попладне кое е толку длабоко дел од твоето битие, што дури не можеш да го претставиш својот живот без него?
Можеби уште четири или пет пати?
Можеби дури ниту толку
Уште колку пати ќе ја гледаш полната месечина, како изгрева?
Можеби дваесетина, а сепак, сето тоа се чини бесконечно?“
Минатата година, Сакамото го позајми својот глас, за јапонскиот „Шинчо“ магазин, упорно инсистирајќи на создавање. Уште еднаш одекнуваше во кажаното, неговата сакана Полна Месечина. „Нацуме Сосеки умре од чир во желудникот на 49 години. Како контраст, после иницијалното откривање на ракот, на моите 62 години во 2014 година - јас сум жив, а живеев доволно долго. Сега повторно имам рак, и сум 70 години стар. Иако не знам уште колку многу пати ќе видам како изгрева полната месечина, во мојот живот, ќе биде реткост. До сега преживеав, и се надевам дека ќе правам музика до самиот крај, како моите сакани Бах и Дебиси.“
„Because we don't know when we will die
We get to think of life as an inexhaustible well
Yet everything happens only a certain number of times
And a very small number, really
How many more times will you remember a certain afternoon of your childhood
Some afternoon that is so deeply a part of your being that you can't even conceive your life without it?
Perhaps four or five times more
Perhaps not even that
How many more times will you watch the full moon rise?
Perhaps twenty, and yet it all seems limitless“
Неговата музика, како неговите сонорни и моќни зборови, секогаш ја оддржуваше неговата константна музичка волја. Рјуичи Сакамото реши да го издаде неговиот нов албум „12“ на неговиот 71 роденден, кој е на 17 Јануари, 2023. Тој вклучи 12 нови песни, креирани за време на епидемијата. И тој продолжи да ја користи музиката да рефлектира чувства со способност без преседан. Музиката е бесконечна, барем во светот на Рјуичи Сакамото.
„Не знам уште колку многу години ќе живеам во иднината, можеби ќе можам да живеам дваесет години, можеби ќе можам да живеам десет години, или можеби само една година. Се́ уште имам срце, па за да не заминам со каења, сакам да правам повеќе дела кои ќе ме направат горд.“ - рече Рјуичи Сакамото.
Можеме со сигурност да кажеме, дека ја постигна таа ултимативна цел, заминувајќи во заштитничкото небо.
Comments