top of page

Празнично филмско патување околу светот

Да се ушушкаш во каучот, на топло, додека на прагот го оставате студот, суровоста на светот, и заканувачката темнина, и да ја скротите вечерта, во шолја со топло чоколадо, се чини дека е квинтесенцијална празнична активност. Изедначена со шопинг стампедата, и целодневните маратонски кафеански дружби. Можеби таа традиција го изгуби континуитетот кај нас, но се врати назад со Нетфликс и ХБО Макс (за торентите нема да зборуваме засега ;) како кодно име за глобализацијата. Колку и да е проблематична, овие моменти ме одоброволуваат. Па решивме да правиме листи, најдобар дел од нив ги прават ДИВА пријателите, кои знаат подобро и повеќе од нас, и ги земавме папучите, ќебето, и се нурнавме во лековитиот свет на божиќни филмови. Кои го шират празничниот дух на радост, и еуфорија, дури и кога Дедо Мраз е лош(„Лош Мраз“2003 ) или кога е Гринч или Скруџ. Па почнавме со Холивудскиот спин на Божиќ, преку европскиот до африканскиот.


Првата недела од празниците: Home Alone во светот на филмовите е она што Мараја Кери со All I want for Christmas е во музиката. Во првиот дел семејството го остава Кевин сам дома, случајно, додека тие патуваат во Франција за Божиќ, а тој „одбива“ сам и вешто панто-негативци, до мера на стриповски ликови. Во вториот дел, не го заборавија дома, но - седнува сосема случајно на друг авион и сам се снаоѓа по Њу Јорк. Да, без гугл мапс, и телефон. Тешко дека може да застарат и станат досадни.


Its a wonderful life: Пол Мекартни е фан, филмските критичари на британскиот Сандеј тајмс се фанови и го прогласија за најдобар божиќен филм, и покрај тоа што е - социјалистички? - случајно станал хит, откако во 70те го пуштале на телевизија да пополни време. Има ангели, Божиќ, среќен крај, заедница, пожртвуваност... го нема елементот: божиќна лимонада.



ELF(HBO Max):" Ова е една од оние ретки божиќни комедии кои имаат срце, мозок и лоша смисла за хумор и ги шармираат чорапите веднаш од каминот. Дури и неочекуваниот кастинг е полн погодок." вели Роџер Еберет. Мислиме... Вил Ферел во хеланки, не треба нешто повеќе да се продаде филмов...


Vacanze di Natale, 1990: " На падините на Кортина Д'Ампецо, Марио, маж од Рим, се заљубува во Американка која e na одмор со своето момче "



l'arbre de noel, 1969, Netflix: Француско-американски милионер (Вилијам Холден), неговата девојка (Вирна Лиси) и неговиот пријател од војната (Андре Бурвил) се обидуваат да ја исполнат секоја желба на неговиот син на умирање.



Fanny and Alexander 1982: Во текот на почетокот на дваесеттиот век, Фани и Александар се деца на семејството Екдал во еден шведски град. Тие живеат мирен живот се додека нивниот татко господинот Оскар не умре.


Alles ist liebe, 2015: Ги следи животите на различни парови во справувањето со нивните љубовни животи во различни лабаво меѓусебно поврзани приказни, сите сместени за време на избезумени неколку дена пред Божиќ во Франкфурт, Германија.


Babbete's feast, 1987: Француска бегалка во Данска ги трансформира животите на постарите жени за кои работи. Има добиено Оскар.

Zulu Christmas, 2020: Филмот следи разгалено момче од градот кое го доживува шокот на својот живот кога го испраќаат да ги помине празниците со својата баба на нејзината фарма во руралните средини на КЗН. За многу деца, тоа би било остварување на сонот, но ова не е подготвено за списокот на дневните обврски на баба.


6 hours till Christmas: романтична комедија за Реџи, чија колешка сака да му подари божиќен подарок што тешко може да го одбие.


A New Christmas, 2019: Посетителка на Њујорк од Кенија го инспирира ужалениот главен лик да си го врати животот на вистинскиот пат.


How to ruin Christmas: wedding(серија): Туми Село повторно се сретнува со своето семејство за свадбата на нејзината сестра Бјути, принудувајќи ја да се соочи со нерешените врски и старите рани. Во процесот на планирање на свадбата, наклонетоста на Туми за хаос создава кавги, напнатост и само чист хаос.


Comments


bottom of page