top of page

Почина Аструд Жилберто боса нова пејачката позната по „The Girl from Ipanema“

Аструд Жилберто, една од пионерите на боса нова жанрот, почина на 83 годишна возраст. Таа беше бразилска пејачка и композиторка, и текстописец, која стана светски позната по својот хит „The Girl from Ipanema“ од 1964 година.

Таа беше една од водечките гласови на боса нова, бразилскиот музички стил кој комбинира самба и џез.




Аструд Жилберто, родена со името Аструд Евангелина Вајнерт на мајка со бразилско и татко со германско потекл во Салвадор во бразилската држава Баија.

Започнала да пее во локални клубови и радио станици во својот роден град, пред да се пресели во Рио де Жанеиро во 1959 година.

Аструд се омажи со Жоао Жилберто во 1959 година со кој имаа син - Жоао Марсело Жилберто, кој подоцна се приклучи на нејзиниот бенд. Аструд и Жоао се разведоа во средината на 60-тите години. Аструд имаше уште еден син од вториот брак, Грегори Ласорса, кој исто така свиреше со својата мајка.


Откако брачниот пар се разделил, поради аферата на Жоао Жилберто со бразилската пејачка Миуча (Хелоиса Марија Буарке де Оланда), таа беше во врска со нејзиниот музички колаборатор, американскиот џез саксофонист Стен Гетц -врска која ја обележи животната приказна на Аструд, како школски пример за злоупотреба на женскиот труд.





Гетц ја злоупотребувал Аструд, и ѝ плаќаше само симболично на пејачката кога беше на врвот на нејзината слава. Откако нејзиниот адвокат, Алан Ароу, ја ослободи од договорот за турнејата имигрираше во САД во 1963 година каде што остана да живее.


Таа пееше на две песни на албумот Getz / Gilberto од 1963 година, кој ги здружува Жоао Жилберто, Стен Гетц и Антонио Карлос Жобим. Додека тоа беше нејзиното прво професионално снимање, Аструд „не беше целосно почетник. Таа порасна потопена во музика (нејзината мајка Евангелина Невес Лобо Вајнерт свиреше повеќе инструменти) и редовно пееше со својот сопруг во Бразил.

Нејзиниот „заводлив, шепотлив глас“ и постојан пристап кон пеењето играа значајна улога во популаризирањето на „Девојката од Ипанема“, добивајќи Греми за снимка на годината и номинација за најдобар женски вокален настап. Херби Хенкок е единствениот џез музичар покрај нејзе, кој добил Греми за најдобар албум.





Синглот од 1964 година на „Девојката од Ипанема“ беше изменет со тоа што ги изостави португалските стихови што ги пееше Жоао Жилберто и ја зацементира Аструд Жилберто како пејачка на боса нова.

Синглот се распродаде во повеќе од еден милион примероци за кој Аструд само еднаш била платена - за снимањето и тоа 120 американски долари. Гетц го замолил продуцентот Крид Тејлор да осигура дека таа нема да добие пари од заработката на продажбата на синглот, кој продаде повеќе од 5 милиони примероци. Песната до ден-денес е една од најобработуваните песни во историјата на поп музиката.


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page