top of page

Поткаст лектира: Danse Macabre беше на Синедејс


"Danse Macabre" која на радио каналот 103-ка почна во петок, 10-ти март, 2010 запиша на својот блог: „Водител беше Ивица Сердарот и уберкул пријатели на ротирачка врата, од сега шоуто ќе емитира магија преку ФМ радио брановите секој петок на полноќ.

"Danse Macabre" е француска фраза која е концепт/алегорија позната како танц на смртта, Dance of Death во англискиот јазик, Danza Macabra на италјански и шпански и Totentanz на германски.La Danse Macabre се состои од персонифицирана смрт која води низа танцувачки скелети од сите сфери на животот до гробот. Во доцно-средновековниот период, концептот ги потсетувал луѓето колку биле кревки нивните животи. Неговото потекло е постулирано од илустрирани текстови, најраниот познат уметнички пример пронајден на париските гробишта кои датираат од 1424 година.



Како што беше персонифицирана визуелната слика на смртта, Танцот на смртта во денешно време е рутински поврзан со хорор жанрот и сродни настани како што е годишната прослава на Ноќта на вештерките.


Во оваа смисла, емисијата „Danse Macabre“ е доцна ноќна радио програма со хорор сензибилитет, програма која му оддава почит на жанрот фокусирајќи се на сите негови манифестации и чудности, забавувајќи се со своите попознати чудовишта и суштества, претставувајќи ги своите понејасни претставници и на крајот, дискутирајќи за некои сериозни актуелни прашања низ призмата на мабреката. О, и има одлична музика, исто така! :)


Вака беше претставена Данс макабр, во нејзиниот зародиш, а денеска кога 103ка не е на ФМ радио брановите, ова шоу се емитува на интернет, и тврдоглаво се држи до „радио“ категоријата, што не е неточно бидејќи овие линии се заматени и поместени во дигиталната ера.



Кога го прашавме водителот Златко Гелески што мисли, дали начинот на кој е замислена емисијата, би била во судир со препорака на „поткаст лектира“ - затоа што самата содржина може многу лесно да биде поткаст, и всушност ги има сите елементи со кои многу македонски поткасти се борат, и често им недостасуваат - елоквентност, интересни и релевантни информации за темата која ја обработуваат, културолошки оглед кој е пренесен на начин кој е питок, затоа што е органски - тој ни одговори:


„ Што се однесува за


, се емитува во живо, со најава од музика, меѓутоа поради рестрикциите на јутјуб ја исклучувам музиката и го оставам само говорот, што кога ќе се изземе музиката одговара на денешните поткаст формати, така што емисијата е хибридна и функционира во двата облика, поткаст е на јутјуб, радио емисија е на 103ка.“


Емисијата која ви ја препорачуваме го следи Синедејс - муви најт, и носи интересни пикантерии(не сензационалистички, туку онакви кои ја оживуваат приказната на фестивалот). Бидејќи ионака должиме многу, послушајте и сами:





Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page