top of page

Портрет на палестинскиот теоретичар Едвард Саид изваден од галерија во Мајами

Откако ICA Мајами го отстрани портретот на Едвард Саид се покренаа многу прашања кои уште не се одговорени. Делото на Чарлс Гејнс што го прикажува палестинско-американскиот научник беше тивко симнато и повторно инсталирано, предизвикувајќи загриженост. Институтот за современа уметност, Мајами (ICA) тивко го отстрани портретот на палестинско-американскиот научник и активист Едвард Саид и повторно го постави делото некое време после завршувањето на еден гала настан за собирање фондови, предизвикувајќи сомневања дека музејот го потиснува признавањето на палестинската историја и култура во време кога Израел напаѓа на Газа.



Дванаесетте портрети во серијата ја следат историјата на револуционерната мисла, напредувајќи хронолошки од Аристотел до авторката бел хукс и вклучувајќи го Саид, како и наставничката и активистката Марија В. Стјуарт, филозофот Карл Маркс и теоретичарот на афроцентризмот Молефи Кете Асанте, меѓу другите.Временската рамка на отстранувањето и повторното инсталирање на делото е нејасна, бидејќи ICA не се обрати јавно за тоа, ниту одговори на многубројните пораки и барања за изјава на медиумите. 


Сепак, посетител на музејот кој зборуваше под услов на анонимност потврди дека не го видел портретот на Саид во ICA кога ја посетил изложбата во петок, 16 февруари. Miami New Times извести дека делото исто така било отсутно од изложбата за време на посета во декември 2023 година.Друг посетител, кој бил во музејот почетокот на март, рече дека делото повторно било на изложба тогаш, но дека неговата ознака на ѕидот сè уште недостасувала. Посетителот додаде дека кога прашал за делото, му било кажано дека „Лица 1: Идентитетска политика, #10, Едвард Саид“ било демонтирано пред гала настанот за собирање средства на ICA, одржан во сабота, 2 март и подоцна повторно инсталирано.Фотографија направена во средата, 6 март покажува мало место од кое е излупена бојата на ѕидот каде што изгледа била залепена и потоа отстранета етикета — потенцијално за уметничко дело поставено на местото на делото на Гејнс за време на настанот.




Етикетата за друго дело во серијата, што ја прикажува бел хукс, останала на своето место.Веб-страница за 365 Party, гала настанот на ICA Мајами за 2024 година, се повикува на „инспиративната добродетел на Ирма и Норман Браман“ — милијардерскиот пар кој финансираше првиот постојан дом на приватниот музеј во Дизајн Дистриктот на градот во 2017 година. Браман, кој го поддржа републиканецот Марко Рубио главно на основа на посветеноста на сенаторот кон Израел, наводно помогнал во финансирањето на израелските населби на Западниот Брег преку фондацијата на неговото семејство.Веста за отстранувањето на делото прво беше споделена онлајн во форма на анонимен совет објавен на социјалните медиуми од адвокатската група Art Against Displacement (AAD). Авторот на текстот предлага дека портретот бил симнат „исклучиво на основа на [Саидовиоѕ] палестински идентитет.“„Зошто Саид беше отстранет додека другите научници останаа на изложбата?“  Додека Палестинците во Газа се изгладнети, осакатени и масакрирани, ИЦА Мајами застана на страната на ционистичкото насилство“.

Саид, кој почина во 2003 година, е познат по својата пионерска работа на полето на постколонијалните студии и како еден од најеминентните застапници на палестинските права и самоопределување во САД. Неговата основна книга „Ориентализам“ (1978) се соочи со евроцентричните „наративи за угнетување“ кои ги карикатираат и ги потчинуваат луѓето и историите надвор од Западот.

Гејнс не бил свесен за привременото отстранување на делото. Уметникот сè уште не дал коментар . Hauser & Wirth, претставувачката галерија на Гејнс, не одговори на неколку барања за коментар.


コメント


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page