top of page

Полувремето на суперболот: саундтрак на животот на миленијалците

Во свет комплетно дигитализиран, и речиси сосема префрлен на стриминг искуства, Суперболот докажува колку возбуда има во закажано случување во кое огромен број луѓе учествуваат во искуството истовремено. Всушност дел од задоволството е споделувањето: преку фотки, твитови, коментари... . За време на пандемијата, имавме Live-ови - приклучувања во живо, дали во форма на Диџеи или најпознатото дете на ИГ лајвот - Верзузот кој подоцна си зема своја форма.

Прво да ја запазиме реченицата која никогаш нема да згасне во разговорите на тема „Супербол полувремето„: „најдоброто полувреме беше на Принс. Толку беше магично, што дури и заврна!



Возбудата фатена на социјалните медиуми:



Кога се разбудив, доминираа насловите „ ова беше шоу за миленијалците!!„ ... Не разбрав баш на што се однесуваше, додека не го изгледав - и се фатив како ги знам текстовите од а-ш, и како имам референца за секој од настапите за одреден период во животот...

Кога ја слушав Мери Џеј Блајџ, „Нема повеќе драма„ - се возев на точак, на пролетно сонце, и ја правев таа одлука за себе. Кога го слушнав Еминем, ми текна на пат накај летување во Далмација - се возиме во бел Голф 4 од Загреб накај Макарска понесени од Слим Шејди (или морето, или двете)... 50 Цент беше во бескраен луп заедно со Бијонсе на хотелскиот телевизор во Турција. Дре и Снуп не се поврзани со конкретна ситуација повеќе е - плочникот пред МКЦ, клупите во парк... Кендрик го пуштав и објаснував во првата година во тогашната моја нова дома и гостите за кои ми беше мерак да ги дружам...


Андерсон Паак: доволно беше да го видам (на бубњеви) да се активира нешто што е многу сега, а јасно е дека ќе биде носталгија утре :

„Why the hell would you run this game?

Both my hands are tied„ ..


Саундтрак на животот (ги има повеќе) - но повеќе или помалку се чини дека е универзално искуство барем за миленијалците, како што приметија светските медиуми...

(НФЛ не дава споделување овде но кликнете и ќе ве однесе на Јутјуб видеото од полувремето)


Тогаш дојдоа мемињата, секогаш непредвидливи за кој момент ќе се фатат...

И еве галерија за кој сè беше таму....


и поздравче од вујко Снуп:



Comments


bottom of page