top of page

„Поетот и градот“ - Одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со Влада Урошевиќ


На 13 ноември, Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од своето ослободување преку посебен настан насловен „Поетот и градот“, кој ќе се одржи во салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар со почеток во 12 часот. Ова чествување ќе биде посветено на поетот Влада Урошевиќ, значаен македонски автор и минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.







Настанот е истовремено и посвета на деветте децении од раѓањето на Урошевиќ и шеесет и петте години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“, со која тој ја започнува својата литературна врска со Скопје. Академикот Урошевиќ ќе зборува за своите сеќавања на градот и за долгогодишната инспирација што го врзува неговото творештво со урбаната приказна на Скопје. Преку разговор со Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, професори од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, присутните ќе слушнат за Скопје во различни периоди – пред и по Втората светска војна, пред и по земјотресот, и за градот низ поезијата на Урошевиќ, градот кој го носи духот на надреалното и реалното, на лавиринтот и сеќавањето.


Предвидено е на настанот да се говори за Скопје од различните периоди – пред и по Втората светска војна, пред и по земјотресот, но и за денешното Скопје, и најмногу за она Скопје од меморијата и од поезијата на Урошевиќ. Или накусо: за надреалното и за реалното Скопје – за градот-сон, градот–лавиринт, градот-мистерија, градот-палимпсест и градот-сеќавање. Присутните за првпат ќе можат да слушнат некои сеќавања и некои согледби на Урошевиќ, и за Скопје, и за сопственото творештво, но и за поезијата воопшто.
Голем дел од е целокупното творештво на Влада Урошевиќ е врзан за урбаниот сензибилитет. Градот и односот кон него се еден од најважните аспекти на неговиот книжевен опус. Милан Ѓурчинов ќе каже дека творештвото на Урошевиќ поседува еден „незадржлив внатрешен порив да го одухови урбанизираниот поредок на асфалтот и улиците, за присуството на човекот среде пресоздадениот свет од малата космогонија на овој поет.“ Несомнено, Урошевиќ е авторот што директно или индиректно зборува за Скопје во најмногу различни форми: поезија, роман, раскази, патописи, есеи, разговори итн. - ЈУ Културно информативен центар - Скопје

Стани Дивотно

Commenti


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page