Поткаст лектира: Мирко Попов во Парк шема
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Apr 17, 2022
- 1 min read
Updated: May 11, 2024
Мирко Попов се навикнавме да го гледаме како наставник со лењир кој удира по прсти на палавите Фејсбук деца. Или тоа, или - во дефанзивна состојба, од шок на истурена врз глава коска-ладна вода. Таа дефанзивност го остава обично помеѓу бравадо и гризања со цинизам, но не и овде. Овој 90-минутен разговор со „клинците„ Андреј Игњатовски и Петар Марковиќ (продуцент им е Дејан Џолев - имаат продуцент!:) ) кои се прилично информирани и елоквентни поткастери и имаат одличен сенс за медиумот и го возат како најизверзираните професионалци, е толку интригантен.... го гледаме Мирко во омекната, човечна, и отворена варијанта.
Yorumlar