top of page

It's a Pixie Podcast со нова епизода како најава за новиот албум Doggerel

"Замислете дека сте член на рок бенд. Бенд толку влијателен што вашата работа создаде сосема нов жанр. Жанр кој ја дефинираше современата музика за цела генерација слушатели. Потоа, замислете дека и покрај извонредните критики и популарни признанија, вашиот бенд се распадна. Замислете дека исчезнувањето на вашиот бенд всушност ја зголеми неговата легендарност и влијание до тој степен што популарната побарувачка ве принуди да се обедините. И по 13 години пауза, вашиот бенд стана попопуларен од кога било досега. Сега замислете, 14 години по враќањето на сцената, повторно сте во студио и снимате нов албум, за да го надградите вашето наследство и да го заземете вашето место во првите редови на жанрот што го создадовте. Замислете - вие сте член - на Pixies.„ - ова беше трејлерот во 2019 на поткастот на Pixies кои издадоа поткаст серија It's a Pixie Podcast со кој го документираа снимањето на тогашниот албум Beneath the Eyrie. Тогаш го најавата беше „Поткаст серијата од 12 продолжетоци, водена и раскажана од бестселер авторот на Њујорк Тајмс, Тони Флечер.

Its a Pixies Podcast“ го документира создавањето на нивниот нов албум „Beneath the Eyrie“ во студијата на Дримленд во близина на Вудсток,а Тони Флечер ја открива нивната приказна. Преку секојдневни разговори и форензичко испитување на нивното минато, Тони открива дека нивната креативна амбиција и нагон остануваат релевантни - и чудни - како и секогаш.


Серијата е достапна на сите поткаст платформи на глобално ниво, вклучувајќи ги: Apple, Spotify, Deezer и Stitcher.“


Сега како излегоа со нов сингл There's a Moon On тоа го направија напоредно со поткаст епизода.



Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page