top of page

Stiffed: Поткаст серијал за феминистичкиот пандан на Пентхаус, списание наречено Вива




„Stiffed“(Ошурен) е нов поткаст серијал од iHeartMedia, што ја раскажува приказната за магазинот Вива кој бил со краток век. Дебитирал во 1973 година, покренат од Боб Гучионе, издавачкиот магнат зад списанието Пентхаус. Вива било едно од првите еротски списанија наменети за жени и беше, на многу начини, пред своето време. Поетесата Ники Џовани и феминистичката писателка Бети Фридан беа дописнички, а сегашната главна уредничка на американскиот Вог, Ана Винтор, дури и беше прва модна уредничка на Вива. Па, како пропадна едно прогресивно и ветувачко женско списание и зошто? Тоа се прашањата во срцето на поткастот „Stiffed“ и неговата водителка, Џенифер Ромолини.




Таа вели „Боб Гучионе во 1973 година само што го постигна огромниот успех со Пентхаус, кое беше едно од најуспешните лансирања на списанија на сите времиња и сè уште е до ден-денес. И, знаете, тој беше карикатура, на многу начини, на мачизмот од 70-тите. Тој беше, знаете, мачо. Мислеше дека само тој знае како треба. Тој е Италијанец - Американец. Кошулата му е откопчана до папокот. Со златен ланец. Но, во исто време, тој е супер прогресивен и размислува прилично напредно, но и навистина вработил еден куп жени. Повеќето од сите директорски позиции во неговата компанија беа жени на највисоко ниво. Навистина добро платени. Така, иако тој беше несмасен и можеби не беше баш најдобриот шеф, во однос на тоа што не беше многу разумен - сите сме имале ваков вид на шеф; тој не ги слуша вашите мислења, тој не го слуша она што го знаете, но сепак, тој исто така им даде многу шанси и можности, па дури и фактот дека тој ја лансираше Viva е, знаете - беше многу прогресивно за тоа време. Па така и еротиката во Вива секогаш била машка идеја за тоа што сака жената. Тој беше уметник во душата и сакаше да биде класичен сликар. Мислам, тој е толку фасцинантна фигура за мене. Тој не беше чист негативец, што мислам дека ја прави оваа приказна навистина, навистина привлечна. И тој сакаше да ја контролира целата уметност во неговите списанија. Значи, целата еротика во Вива е преку машки објектив. Така, жените често велеа „ не ми се допаѓа ова“. Не познавам ниту една жена која сака да ја гледа содржината на Вива, знаеш? Но, во исто време рекоа „Боб ќе те вика срце, но ќе те направи главен уредник.“



Поткастот, како што е обично случај, можете да го најдете на сите поткаст платформи.



Comentarios


bottom of page