top of page

Под лектира: совети и стратегии за уметникот како трговец поединец

Кога по прв пат слушнавме дека уметниците ќе ја населат графата „трговец-поединец“ реакциите беа поделени во две категории: индигнација - оние кои сметаа дека таа квалификација е вулгарна и омаловажувачка; и оние кои сметаа дека неинформираноста и трапавоста е комична а и загриженост. Но ние следејќи ја логиката на Западните уметници кои капитализмот се обидуваат да го стават во функција на својата уметност, на кои слично во еден момент им се уклучи светло во главата кое прашува „чекај, па оваа игра можам и јас да ја играм!“) , конечно ја сфативме логиката (можеби се работи делумно за случајност, повеќе отколку промисленост?) позади оваа поставеност.


"Financial freedom my only hope

Fuck livin' rich and dyin' broke

I bought some artwork for one million

Two years later, that shit worth two million

Few years later, that shit worth eight million

I can't wait to give this shit to my children

Y'all think it's bougie, I'm like, it's fine

But I'm tryin' to give you a million dollars worth of game for $9.99

I turned that 2 to a 4, 4 to an 8

I turned my life into a nice first week release date

Y'all out here still takin' advances, huh?

Me and my ni***s takin' real chances, uh

Y'all on the 'Gram holdin' money to your ear

There's a disconnect, we don't call that money over here, yeah" - Story of O.J.; Jay Z.


Фактот дека помладите генерации природно се сместија во таа логика на нештата исто така помогна, но како и да е:



Па затоа, во морето од поткасти, најдовме три- за почеток - кои ќе им помогнат на креативците и уметниците да ги пофаќаат конците во трговскиот аспект на нивните кариери. Овие поткасти обезбедуваат проникливи совети, искуства и можат да бидат водичи кои ги знаат сите патеки и лавиринти на уметничката кариера. Доколку сте посветени да не станете стереотипот „изгладнет уметник“ продолжете со читање, и почнете со слушање:


1. Beyond the Studio



Поткаст за работата што се одвива зад сцената на визуелните уметници и креаторите/творците. Никол Мјулер(Nicole Mueller) и Аманда Адамс(Amanda Adams), две уметнички души кои се запознале во Институтот за уметност на Мериленд во Балтимор, споделуваат искуства и совети за поддршка и одржување на самите себе и на вашата креативност. Поткастот има за цел да ги истражи предизвиците и успесите на уметниците и да отвора длабоки разговори со деловни експерти за она што подразбира работа на уметниците.


Како уметници, Никол и Аманда се познати како снаодливи, издржливи и амбициозни уметници. Тие сакаат да споделат како другите уметници ги поврзуваат точките во нивните практики и го осмислуваат и демистифицираат процесот.


Епизода за вовед: Justin Anthony talks Business Fundamentals, Standing Out to Collectors, and Protecting the Legacy of Your Work




Creative Pep Talk



Водителот Енди Џ. Милер (Andy J. Miller) ентузијастично ги прашува своите слушатели: : „Дали сакате да научите како да заработите добро, правејќи одлична уметност? Ако вашиот одговор е да, тогаш овој поткаст е за вас. “ (А каков ако не ентузијастичен водител за разговор кој ќе ве трзне од летаргија - рep тalk? )

Обработува теми низ епизодите од „како да се изборите со вашиот креативен блок“ до одлични совети за тоа како да се претставите на социјалните медиуми - и да не се потценувате, во најбуквална смисла на зборот.


Без разлика во кое креативно поле работите, Енди е тука да ви помогне да го откриете вашиот талент, да го развиете и да го поврзете со публиката на која и́ е најпотребен.


Воведна епизода: How to Drown Out the Noise and Find Your Creative Pulse Again( Како да ја исклучите вревата и повторно да го пронајдете вашиот креативен пулс.)

The Savvy Painter



Рангиран меѓу најдобрите 30 едукативни поткасти во светот (и со повеќе од 840 оценки од пет ѕвезди низ светот) подкастот Savvy Painter прави повеќе отколку само давање инспирација. Слушнете разговори со врвни уметници, автори и визионери кои ги споделуваат своите сознанија, детали кои имаат клучно значење за нивниот креативен процес и што навистина се случува зад сцената.


Она што ни се допаѓа во поткастот е - чувството на заедницата. Како што признава водителот Антрис Вуд, „Уметниците поминуваат огромно време сами во нивните студија. Лесно им е да поверуваат дека нивните проблеми се уникатни, а всушност не се. За среќа, други биле во таа ситуација претходно, и со споделување на овие приказни со други уметници, сите ние победуваме“. Savvy Painter не е само подкаст, тој е заедница од илјадници каде што можете да слушате заедно, да учите заедно и да ги споделувате вашите ресурси!


Добра почетна епизода: How Meditation Can Fuel Creativity: An Interview with Artist Michael Ryan


Завршуваме со добра вест: има уште еден куп, можеби дури и тон на поткасти во оваа категорија, кои се добри...


Илустрации: Млеко на соништата;

Comments


bottom of page