Сахин Лесно Перо, Апачи активистка и актерка , која одби да ја прифати наградата за најдобар актер во име на Марлон Брандо на Оскарите во 1973 година, кога беше исвиркана на сцената во чин што ја нагласи нејзината критика за прикажувањето на домородните Американци во Холивуд. Кога режисерот ги забележал белешките кои ги држела и́ кажал доколку зборува повеќе од 60 секунди ќе биде уапсена. 50 години подоцна Оскарите и́ се извинија за третманот.
Од Марлон Брандо;
30 Март, 1973,
Беверли Хилс, Калифорнија - Цели 200 години му велевме на Индијанскиот народ кој се бореше за својата земја, својот живот, своите семејства и своето право да бидат слободни: „Положете ги оружјата, мои пријатели, и тогаш ќе останеме заедно. Само доколку ги положите оружјата, мои пријатели, ние ќе можеме да зборуваме за мир и да дојдеме до договор кој ќе биде добар за вас“.
Кога ги положија оружјата, ние ги убивме. Ние ги излажавме. Ние им ги ги земавме земјите преку измама. Ние ги изгладнувавме додека не ги потпишаа измамничките договори кои ние ги нарековме спогодби кои никогаш не ги испочитувавме. Ги претворивме во питачи на континент кој даваше живот, онолку долго, колку што може животот да памти.
И според било која интерпретација на историјата, колку и да е извртена, ние не постапивме правилно. Ние не бевме ниту законски ниту правични во нашите постапки. За нив, ние не мораме одново да ги враќаме овие луѓе, не мора да испочитуваме некои договори, затоа што ни е дадено врз основа на нашата моќ да ги нападнеме правата на другите, да им го одземеме имотот, да им ги одземеме животите. кога се обидуваат да ја одбранат својата земја и слобода, и нивната доблесност да ја преиначиме во злосторство, а нашите сопствени пороци во- доблести.
Но тука е онаа работа која е надвор од дофат на оваа перверзија а тоа е огромната пресуда на историјата. И историјата со сигурност ќе ни суди. Но, дали ни е грижа? Каква морална шизофренија е тоа што ни овозможува да викнеме со целиот наш национален глас за целиот свет да слушне дека живееме во согласност со нашата посветеност, кога секоја страница од историјата, и кога сите жедни, гладни, понижувачки денови и ноќи последниве сто години од животите на американскиот Индијанец противречат на тој глас?
Се чини дека почитувањето на принципот и љубовта кон ближниот станаа нефункционални во оваа наша земја, и дека сè што направивме, се што успеавме да постигнеме со нашата моќ е едноставно ништење на надежите на новородените земји во овој свет, како и пријателите и непријателите, дека не сме човечни и дека не ги исполнуваме нашите договори.
Можеби во овој момент си велите, кој ѓавол има сето ова има некаква врска со Оскарите? Зошто оваа жена стои овде, ни ја уништува вечерта, ги напаѓа нашите животи со работи што не нè засегаат и за кои не ни е гајле? Ни трошат време и пари и упаѓаат во нашите домови.
Мислам дека одговорот на тие неизречени прашања е дека филмската заедница е исто толку одговорна за понижување на Индијанецот и исмејување на неговиот лик, опишувајќи го како див, непријателски настроен и злобен. Доволно е тешко за децата да растат на овој свет. Кога индијанските деца гледаат телевизија, и тие гледаат филмови, и кога ќе ја видат нивната раса прикажана како што се во филмовите, нивните умови се повредени на начини што никогаш не можеме да ги знаеме.
Неодамна имаше неколку ненадејни чекори за да се поправи оваа ситуација, но премногу колебни и премалку, така што јас како член на оваа професија не чувствувам дека можам како граѓанин на САД да ја прифатам оваа награда овде вечерва. Мислам дека наградите во оваа земја во овој момент се несоодветни да се примаат или да се доделуваат додека состојбата на американскиот Индијанец драстично не се промени. Ако не сме чувар на нашиот брат, барем да не бидеме неговиот џелат.
Ќе бев овде вечерва директно да зборувам со вас, но чувствував дека можеби би можел да бидам покорисен доколку отидам во Рането колено за да помогнам на кој било начин да се спречи воспоставувањето мир кој би бил нечесен сè додека ќе течат реки и ќе расте тревата.
Се надевам дека оние што слушаат нема да гледаат на ова како груб упад, туку како искрен напор да се фокусира вниманието на прашање кое многу добро би можело да определи дали оваа земја има или не право да каже од оваа точка наваму, ние веруваме во неотуѓивите права на сите луѓе да останат слободни и независни на земји што го поддржувале нивниот живот и надвор од живото сеќавање.
Ви благодариме за вашата добрина и вашата учтивост кон Госпоѓица Лесно Перо. Ви благодарам и добра ноќ.
Comentarios