Секогаш кога доаѓа време за Греми номинациите, музичкиот свет со нетрпение ги очекува кандидатите, предвидувајќи како ќе се расплетат категориите и кој ќе освои значајни награди. За фановите на хип-хопот, аренби музиката и алтернативните звуци, годинава носи особено возбудливи моменти со имиња како Бијонсе, Кендрик Ламар, Доучи и други. Овие артисти не само што се номинирани, туку покажуваат и нови пристапи кон жанровите кои ги претставуваат.
Кендрик Ламар: разуздана креативност
Кендрик Ламар се враќа на сцената на Греми, номиниран за „Record of the Year“ со својата моќна песна „Not Like Us“ и во категориите за најдобра рап изведба и најдобра рап песна. Ламар, познат по своите длабоки и ангажирани текстови, повторно се истакнува како еден од највлијателните рап артисти на оваа генерација, кој постојано инспирира и предизвикува општествено размислување, а „Not Like Us“ е уште еден доказ за неговата способност да креира музика со силна порака. Оваа песна, продуцирана во соработка со Metro Boomin и Future, ја отсликува Ламаровата способност да ги преиспитува културните вредности и да ги руши стереотипите. Таа е прва дис песна која има Греми номинација.
Бијонсе: Од поп до кантри?
Како и секоја година, Бијонсе е еден од најочекуваните артисти на Греми, а годинава води со 11 номинации. Покрај во поп и ар-ен-би категориите, Бијонсе е номинирана и во категориите за кантри музика со своето дело „Cowboy Carter.“ Овој експериментален пристап покажува дека Бијонсе не се плаши од предизвици и иновации, преоѓајќи од еден во друг жанр и додавајќи нови димензии на својата музика. Со ова, Бијонсе ја отвора вратата кон нови можности и го руши клишето дека ар-ен-би и поп артистите не можат да влезат во светот на кантри музиката. Минатата година нејзинот сопруг ги искара Греми затоа што и покрај тоа што е артист со најмногу добиени Греми награди - сепак ја нема добиено „Албум на годината“ која е главната награда на вечерта. Иако во кантри заедницата Бијонсе беше наголемо игнорирана, останува да видиме дали конечно ќе го земе Гремито во оваа категорија.
Доучи: Доаѓа најновата генерација
Номинацијата на Доучи за „Best New Artist“ и неколку други категории е знак дека младите уметници ја заземаат сцената со свежина и нов поглед кон жанровите. Нејзиниот албум „Alligator Bites Never Heal“ се истакнува како интересна комбинација од разни музички стилови кои ја одразуваат современата културна сцена. Номинацијата за нејзината песна „NISSAN ALTIMA“ за најдобра рап изведба покажува дека таа може да се мери со најголемите имиња на сцената, докажувајќи дека следната генерација музичари е подготвена да остави силен белег во музичкиот свет.
Силна Конкуренција во рап и Ар-ен-би категориите
Категориите за рап и ар-ен-би годинава ги обединуваат најголемите имиња со уникатни визии и пристапи. Номинациите на Future и Metro Boomin за албумот „We Don’t Trust You“ и песната „Like That“ каде гостува Кендрик Ламар, донесуваат динамика и напнатост кои го карактеризираат современиот рап. Оваа година носи и значајни номинации за р&б категориите со песни од SZA, Темс и Келани, кои поставуваат нови стандарди во жанрот, обработувајќи теми за љубов, самопронаоѓање и животна авантура.
Алтернативната Сцена: Повеќе Од поглавје во историјата
На полето на алтернативната музика, номинациите се полни со иновативни имиња кои продолжуваат да ја трансформираат сцената. Артисти како Cage the Elephant, Nick Cave and the Bad Seeds и St. Vincent покажуваат дека алтернативната музика има своја публика и свој посебен глас. Номинирани за „Best Alternative Music Performance“ со песни како „Neon Pill“ и „Song of the Lake,“ овие уметници ги редефинираат границите на жанрот.Ким Гордон, една од основачите на култниот Sonic Youth и водечка фигура во алтернативната музичка сцена, продолжува да ја носи својата длабока музичка експресија и моќни изведби до новите генерации. Во категоријата „Најдобар алтернативен албум“ и „Најдобра алтернативна изведба“, таа е номинирана за песната „BYE BYE“. Оваа песна носи со себе темна, разорувачка и интимна енергија, претставувајќи ја нејзината уникатна уметничка визија. Преку нејзиниот соло материјал, Ким успева да создаде звук што е и брутален и емотивен, покажувајќи дека авангардниот рок и натаму има моќ да се развива и прилагодува. Овие номинации се признание за нејзиниот уникатен пристап кон музиката и потсетник за влијанието кое го има врз алтернативната сцена, како инспирација за новите артисти.
Патот до Греми 2025
Со номинациите веќе официјално објавени, следниот период ќе биде возбудлив, бидејќи претстојат финалните гласови и самата церемонија, која ќе се одржи на 2 февруари 2025 година во Лос Анџелес. Греми 2025 ќе биде моментот кога ќе дознаеме дали Бијонсе ќе го освои својот рекорден број награди, дали Кендрик ќе ги прошири своите успеси, или пак младите артисти како Доучи ќе ја украдат шоуто.
Во очекување на самата церемонија, годинешните номинации јасно покажуваат дека сцената на музиката е во континуирана трансформација.
Годинешните Греми номинации носат изненадувачки комбинации од музички гиганти и нови имиња во главните категории. Во категоријата „Албум на годината“ доминираат икони како Бијонсе со албумот Cowboy Carter и Тeјлор Свифт со The Tortured Poets Department, додека Андре 3000 и Били Ајлиш исто така имаат свои моќни проекти во конкуренцијата.
„Снимка на годината“ ја истакнува возобновената песна на Битлси „Now and Then“, како и хитот „TEXAS HOLD 'EM“ од Бјонсе, која го добива вниманието и во поп и во ритам и блуз категориите. Покрај тоа, номинирани се и Кендрик Ламар со „Not Like Us“ и Чарли XCX со иновативната „360“.
Во „Најдобра нова изведба“ очекувани се имињата како Сабрина Карпентер и Доучи, која го привлече вниманието со албумот Alligator Bites Never Heal. Рап категориите ги носат на преден план Кендрик Ламар и Фјучр заедно со Метрo Бумин, додека во аренби категориите блескаат СЗА, Лала Хатавеј и Келани.
Годинава, Греми наградите ги слават жанровската разноликост и артистите кои ги прошируваат границите на модерната музика, притоа оставајќи простор за легендите и свежите гласови во индустријата.
СНИМКА НА ГОДИНАТА
“Now and Then” The Beatles
Giles Martin & Paul McCartney, producers; Geoff Emerick, Steve Genewick, Jon Jacobs, Greg McAllister, Steve Orchard, Keith Smith, Mark 'Spike' Stent & Bruce Sugar, engineers/mixers; Miles Showell, mastering engineer
“TEXAS HOLD ‘EM” Beyoncé
Beyoncé, Nate Ferraro, Killah B & Raphael Saadiq, producers; Hotae Alexander Jang, Alex Nibley & Stuart White, engineers/mixers; Colin Leonard, mastering engineer
“Espresso” Sabrina Carpenter
Julian Bunetta, producer; Julian Bunetta & Jeff Gunnell, engineers/mixers; Nathan Dantzler, mastering engineer
“360” Charli XCX
Cirkut & A. G. Cook, producers; Cirkut & Manny Marroquin, engineers/mixers; Idania Valencia, mastering engineer
“BIRDS OF A FEATHER” Billie Eilish
Billie Eilish & FINNEAS, producers; Thom Beemer, Jon Castelli, Billie Eilish, FINNEAS, Aron Forbes, Brad Lauchert & Chaz Sexton, engineers/mixers; Dale Becker, mastering engineer
“Not Like Us” Kendrick Lamar
Mustard, Sean Momberger & Sounwave, producers; Ray Charles Brown Jr. & Johnathan Turner, engineers/mixers; Nicolas de Porcel, mastering engineer
“Good Luck, Babe!” Chappell Roan
Dan Nigro, producer; Mitch McCarthy & Dan Nigro, engineers/mixers; Randy Merrill, mastering engineer
“Fortnight” Taylor Swift f/ Post Malone
Jack Antonoff, Louis Bell & Taylor Swift, producers; Louis Bell, Bryce Bordone, Serban Ghenea, Sean Hutchinson, Oli Jacobs, Michael Riddleberger & Laura Sisk, engineers/mixers; Randy Merrill, mastering engineer
АЛБУМ НА ГОДИНАТА
New Blue Sun André 3000
André 3000 & Carlos Niño, producers; André 3000, Carlos Niño & Ken Oriole, engineers/mixers; André 3000, Surya Botofasina, Nate Mercereau & Carlos Niño, songwriters; Andy Kravitz, mastering engineer
COWBOY CARTER Beyoncé
Beyoncé, Terius "The-Dream" Gesteelde-Diamant & Dave Hamelin, producers; Matheus Braz, Brandon Harding, Hotae Alexander Jang, Dani Pampuri & Stuart White, engineers/mixers; Ryan Beatty, Beyoncé, Camaron Ochs, Terius "The-Dream" Gesteelde-Diamant, Dave Hamelin, S. Carter & Raphael Saadiq, songwriters; Colin Leonard, mastering engineer
Short n' Sweet Sabrina Carpenter
Jack Antonoff, Julian Bunetta, Ian Kirkpatrick & John Ryan, producers; Bryce Bordone, Julian Bunetta, Serban Ghenea, Jeff Gunnell, Oli Jacobs, Manny Marroquin, John Ryan & Laura Sisk, engineers/mixers; Amy Allen, Jack Antonoff, Julian Bunetta, Sabrina Carpenter, Ian Kirkpatrick, Julia Michaels & John Ryan, songwriters; Nathan Dantzler & Ruairi O'Flaherty, mastering engineers
BRAT Charli xcx
Charli xcx, Cirkut & A. G. Cook, producers; A. G. Cook, Tom Norris & Geoff Swan, engineers/mixers; Charlotte Aitchison, Henry Walter, Alexander Guy Cook, Finn Keane & Jonathan Christopher Shave, songwriters; Idania Valencia, mastering engineer
Djesse Vol. 4 Jacob Collier
Jacob Collier, producer; Ben Bloomberg, Jacob Collier & Paul Pouwer, engineers/mixers; Jacob Collier, songwriter; Chris Allgood & Emily Lazar, mastering engineers
HIT ME HARD AND SOFT Billie Eilish
Billie Eilish & FINNEAS, producers; Thom Beemer, Jon Castelli, Billie Eilish, FINNEAS, Aron Forbes, Brad Lauchert & Chaz Sexton, engineers/mixers; Billie Eilish O'Connell & FINNEAS, songwriters; Dale Becker, mastering engineer
Chappell Roan The Rise And Fall Of A Midwest Princess
Chappell Roan
Daniel Nigro, producer; Mitch McCarthy & Daniel Nigro, engineers/mixers; Daniel Nigro & Kayleigh Rose Amstutz, songwriters; Randy Merrill, mastering engineer
THE TORTURED POETS DEPARTMENT Taylor Swift
Jack Antonoff, Aaron Dessner & Taylor Swift, producers; Zem Audu, Bella Blasko, Bryce Bordone, Serban Ghenea, David Hart, Mikey Freedom Hart, Sean Hutchinson, Oli Jacobs, Jonathan Low, Michael Riddleberger, Christopher Rowe, Laura Sisk & Evan Smith, engineers/mixers; Jack Antonoff, Aaron Dessner & Taylor Swift, songwriters; Randy Merrill, mastering engineer
РАП ИЗВЕДБА
"Enough (Miami)" Cardi B
"When The Sun Shines Again"
Common & Pete Rock Featuring Posdnuos
"NISSAN ALTIMA" Doechii
"Houdini" Eminem
"Like That"
Future & Metro Boomin Featuring Kendrick Lamar
"Yeah Glo!" GloRilla
"Not Like Us" Kendrick Lamar
НАЈДОБРА РАП ПЕСНА
"Asteroids" Marlanna Evans, songwriter (Rapsody Featuring Hit-Boy)
"Carnival" Jordan Carter, Raul Cubina, Grant Dickinson, Samuel
Lindley, Nasir Pemberton, Dimitri Roger, Ty Dolla $ign, Kanye West & Mark Carl Stolinski Williams, songwriters (¥$ (Kanye West & Ty Dolla $Ign) Featuring Rich The Kid & Playboi Carti)
"Like That"
Kendrick Lamar Duckworth, Kobe "BbyKobe" Hood,
Leland Wayne & Nayvadius Wilburn, songwriters (Future & Metro Boomin Featuring Kendrick Lamar)
"Not Like Us"
Kendrick Lamar, songwriter (Kendrick Lamar)
"Yeah Glo!"
Ronnie Jackson, Jaucquez Lowe, Timothy McKibbins,
Kevin Andre Price, Julius Rivera III & Gloria Woods, songwriters (GloRilla)
НАЈДОБАР РАП АЛБУМ
Might Delete Later J. Cole
The Auditorium, Vol. 1 Common & Pete Rock
Alligator Bites Never Heal Doechii
The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce) Eminem
We Don't Trust You Future & Metro Boomin
ПРОГРЕСИВЕН R&B AЛБУМ
So Glad To Know You Avery*Sunshine
En Route Durand Bernarr
Bando Stone And The New World Childish Gambino
Crash Kehlani
Why Lawd? NxWorries (Anderson .Paak & Knxwledge)
R&B ПЕСНА
“After Hours”
Diovanna Frazier, Alex Goldblatt, Kehlani Parrish,
Khris Riddick-Tynes & Daniel Upchurch, songwriters (Kehlani)
“Burning”
Ronald Banful & Temilade Openiyi, songwriters (Tems)
“Here We Go (Uh Oh)”
Sara Diamond, Sydney Floyd, Marisela Jackson,
Courtney Jones, Carl McCormick & Kelvin Wooten, songwriters (Coco Jones)
“Ruined Me”
Jeff Gitelman, Priscilla Renea & Kevin Theodore, songwriters (Muni Long)
“Saturn”
Rob Bisel, Carter Lang, Solána Rowe, Jared Solomon & Scott Zhang, songwriters (SZA)
ТРАДИЦИОНАЛНА R&B ИЗВЕДБА
“Wet” Marsha Ambrosius
“Can I Have This Groove” Kenyon Dixon
“No Lie” Lalah Hathaway Featuring Michael McDonald
“Make Me Forget” Muni Long
“That's You” Lucky Daye
ТЕСКТОПИСЕЦ НА ГОДИНАТА, НЕТРАДИЦИОНАЛЕ Н
Jessi Alexander
Amy Allen
Edgar Barrera
Jessie Jo Dillon
RAYE
ПРОДУЦЕНТ НА ГОДИНАТА, НЕКЛАСИЧЕН
Alissia
Dernst “D’Mile” Emile II
Ian Fitchuk
Mustard
Daniel Nigro
СОЛО ПОП ИЗВЕДБА
“BODYGUARD” Beyoncé
“Espresso” Sabrina Carpenter
“Apple” Charli xcx
“BIRDS OF A FEATHER” Billie Eilish
“Good Luck, Babe!” Chappell Roan
ПОП ДУО/ГРУПНА ИЗВЕДБА
“us.”
Gracie Abrams Featuring Taylor Swift
“LEVII'S JEANS”
Beyoncé Featuring Post Malone
“Guess”
Charli xcx & Billie Eilish
“the boy is mine”
Ariana Grande, Brandy & Monica
“Die With A Smile”
Lady Gaga & Bruno Mars
ДЕНС ПОП ИЗВЕДБА
“Make You Mine”Madison Beer
Madison Beer & Leroy Clampitt, producers; Mitch McCarthy, mixer
“Von dutch” Charli xcx
Finn Keane, producer; Tom Norris, mixer
“L’AMOUR DE MA VIE [OVER NOW EXTENDED EDIT]” Billie Eilish
Billie Eilish & FINNEAS, producers; Jon Castelli & Aron Forbes, mixers
“yes, and?’ Ariana Grande
Ariana Grande, ILYA & Max Martin, producers; Serban Ghenea, mixer
“Got Me Started” Troye Sivan
Ian Kirkpatrick, producer; Alex Ghenea, mixer
РОК АЛБУМ
Happiness Bastards The Black Crowes
Romance Fontaines D.C.
Saviors Green Day
TANGK IDLES
Dark Matter Pearl Jam
Hackney Diamonds The Rolling Stones
No Name Jack White
АЛТЕРНАТИВНА ИЗВЕДБА
“Neon Pill” Cage The Elephant
“Song Of The Lake” Nick Cave & The Bad Seeds
“Starburster” Fontaines D.C.
“BYE BYE” Kim Gordon
“Flea” St. Vincent
НАЈДОБАР НОВ ИЗВЕДУВАЧ
Benson Boone
Sabrina Carpenter
Doechii
Khruangbin
RAYE
Chappell Roan
Shaboozey
Teddy Swims
R&B ИЗВЕДБА
“Guidance” Jhené Aiko
“Residuals” Chris Brown
“Here We Go (Uh Oh)” Coco Jones
“Made For Me (Live On BET)” Muni Long
“Saturn” SZA
R&B АЛБУМ
11:11 (Deluxe) Chris Brown
VANTABLACK Lalah Hathaway
Revenge Muni Long
Algorithm Lucky Daye
Coming Home Usher
ИЗВЕДБА НА МЕЛОДИЧЕН РАП
"KEHLANI"
Jordan Adetunji Featuring Kehlani
"SPAGHETTII"
Beyoncé Featuring Linda Martell & Shaboozey
"We Still Don't Trust You"
Future & Metro Boomin Featuring The Weeknd
"Big Mama" Latto
"3:AM"
Rapsody Featuring Erykah Badu
АЛБУМ НА МУЗИЧКИ ТЕАТАР
Hell’s Kitchen
Merrily We Roll Along
The Notebook
The Outsiders
Suffs
The Wiz
КАНТРИ СОЛО ИЗВЕДБА
"16 CARRIAGES" Beyoncé
"I Am Not Okay" Jelly Roll
"The Architect" Kacey Musgraves
"A Bar Song (Tipsy)" Shaboozey
"It Takes A Woman" Chris Stapleton
КАНТРИ АЛБУМ
COWBOY CARTER Beyoncé
F-1 Trillion Post Malone
Deeper Well Kacey Musgraves
Higher Chris Stapleton
Whirlwind Lainey Wilson
ПЕСНА НА ГОДИНАТА
"A Bar Song (Tipsy)"
Sean Cook, Jerrel Jones, Joe Kent, Chibueze Collins
Obinna, Nevin Sastry & Mark Williams, songwriters (Shaboozey)
"BIRDS OF A FEATHER"
Billie Eilish O'Connell & FINNEAS, songwriters (Billie Eilish)
"Die With A Smile"
Dernst Emile II, James Fauntleroy, Lady Gaga, Bruno
Mars & Andrew Watt, songwriters (Lady Gaga & Bruno Mars)
"Fortnight"
Jack Antonoff, Austin Post & Taylor Swift, songwriters (Taylor Swift Featuring Post Malone)
"Good Luck, Babe!"
Kayleigh Rose Amstutz, Daniel Nigro & Justin Tranter, songwriters (Chappell Roan)
"Not Like Us"
Kendrick Lamar, songwriter (Kendrick Lamar)
"Please Please Please"
Amy Allen, Jack Antonoff & Sabrina Carpenter, songwriters (Sabrina Carpenter)
"TEXAS HOLD ‘EM" Brian Bates, Beyoncé, Elizabeth Lowell Boland, Megan Bülow, Nate Ferraro & Raphael Saadiq, songwriters (Beyoncé)
ГОСПЕЛ ИЗВЕДБА/ПЕСНА
“Church Doors”
Yolanda Adams; Donald Lawrence & Sir William James Baptist, songwriters
“Yesterday”
Melvin Crispell III
“Hold On (Live)”
Ricky Dillard
“Holy Hands”
DOE; Jesse Paul Barrera, Jeffrey Castro Bernat,
Dominique Jones, Timothy Ferguson, Kelby Shavon Johnson, Jr., Jonathan McReynolds, Rickey Slikk Muzik Offord & Juan Winans, songwriters
“One Hallelujah”
Tasha Cobbs Leonard, Erica Campbell & Israel
Houghton Featuring Jonathan McReynolds & Jekalyn Carr; G. Morris Coleman, Israel Houghton, Kenneth Leonard, Jr., Tasha Cobbs Leonard & Naomi Raine, songwriters
ЛАТИНО ПОП ПЕСНА
Funk Generation Anitta
El Viaje Luis Fonsi
GARCÍA Kany García
Las Mujeres Ya No Lloran Shakira
ORQUÍDEAS Kali Uchis
Música Mexicana AЛБУМ (Including Tejano)
Diamantes Chiquis
Boca Chueca, Vol. 1 Carín León
ÉXODO Peso Pluma
De Lejitos Jessi Uribe
АФРИКАНСКА МУЗИЧКА ИЗВЕДБА
"Tomorrow"
Yemi Alade
"MMS"
Asake & Wizkid
"Sensational"
Chris Brown Featuring Davido & Lojay
"Higher"
Burna Boy
"Love Me JeJe"
Tems
САУНДТРАК ЗА ВИЗУЕЛНИ МЕДИУМИ
American Fiction
Laura Karpman, composer
Challengers
Trent Reznor & Atticus Ross, composers
The Color Purple
Kris Bowers, composer
Dune: Part Two
Hans Zimmer, composer
Shōgun
Nick Chuba, Atticus Ross & Leopold Ross, composers
ПЕСНА НАПИШАНА ЗА ВИЗУЕЛНИ МЕДИУМИ
Ain't No Love In Oklahoma [From "Twisters: The Album"]
Jessi Alexander, Luke Combs & Jonathan Singleton, songwriters (Luke Combs)
Better Place [From "TROLLS Band Together"]
Amy Allen, Shellback & Justin Timberlake, songwriters (*NSYNC & Justin Timberlake)
Can't Catch Me Now [From "The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes"]
Daniel Nigro & Olivia Rodrigo, songwriters (Olivia Rodrigo)
It Never Went Away [From “American Symphony”] Jon Batiste & Dan Wilson, songwriters (Jon Batiste)
Love Will Survive [From "The Tattooist of Auschwitz"] Walter Afanasieff, Charlie Midnight, Kara Talve & Hans Zimmer, songwriters (Barbra Streisand)
Comments