top of page

Нова музика од Дрејк: Дали Дрејк најавува нова рунда во рап битката со Кендрик ?



Раперот Дрејк повторно предизвика многу муабети и шпекулации на Инстаграм, откако објави три нови песни преку неговиот наводно „таен“ профил, @plottttwistttttt. Но, дали овој профил сè уште може да се нарече „таен“ кога сега е потврдено дека навистина припаѓа на Дрејк? Песните „No Face“ (во соработка со Playboi Carti), „Supersoak (SOD)“ и „Circadian Rhythm (The Language 2)“ ги поттикнаа гласините дека Дрејк можеби најавува втора рунда во рап битката со Кендрик Ламар.




Овие песни се појавија истиот ден кога Lil Yachty го славеше својот роденден, што го прави настанот уште поинтересен. Една од песните, „Supersoak (SOD)“, претходно вклучуваше соработка со Lil Yachty, но оваа верзија сега е без него, што доведе до шпекулации дека меѓу двајцата рапери постојат недоразбирања. Дури и познатиот DJ Akademiks алудираше дека Дрејк намерно го тргнал Yachty од песната, што доведе до кратко отстранување на Yachty од листата на следбеници на Дрејк на Инстаграм.

Интересно е и тоа што на истата веб-страница, 100gigs.org, Дрејк неодамна откри многу досега непознати детали за неговата кариера, како тоа дека песната „Hotline Bling“ речиси го вклучила и Future, и дека песната „Too Good“ била инспирирана од Серена Вилијамс. Ова дополнително ги поттикнува шпекулациите дека Дрејк е во процес на повторно пресметување со своите музички конкуренти.




Во песните „Circadian Rhythm (The Language 2)“ и „No Face“, Дрејк директно се осврнува на артисти со кои претходно соработувал, но кои неодамна го критикувале. Во текстовите, тој ги критикува оние кои ја злоупотребиле неговата поддршка и ги потсетува дека популарноста што ја уживаат е благодарение на него.


„"N****s got lit off the features I skated on / I gotta know, I gotta know / How you get lit off the n***a you hatin' on? / Numbers untouchable, they got the data wrong / This is the moment I know they been prayin' on / What? Ayy, what? Ayy / Try knock The Boy off, but fuck it, I'm stayin' on,"“, -

рапува Дрејк, јасно укажувајќи на неговите поранешни соработници.

Дрејк не застана таму – во песните се споменуваат и имиња како Oliver El-Khatib и Kevin Durant кои наводно го охрабруваат да продолжи со своите напади. Со ова, Дрејк изгледа подготвен да направи пресврт, и да се справи со своите критичари кои во моментов танцуваат на неговиот метафоричен гроб.



Останува да се види дали овие нови објави на Дрејк ќе предизвикаат нова рунда во неговата долга и комплицирана историја со Кендрик Ламар, или пак тие ќе бидат само уште еден дел од неговата континуирана музичка еволуција. Секако, оваа битка продолжува да биде еден од најинтригантните моменти во светот на рап музиката, и според многумина: најдобрата рап битка до сега.

Стани Дивотно

Comentarios


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page