top of page

Ник Кејв има порака за Иран

Како еден од твоите најконзистентни поддржувачи кој го следеше секој уметнички потег што си го направил, не можам да ја читам вашата нова книга или твоите писма, не можам да ги следам твоите социјални мрежи и не можам ни да ја слушам твојата музика . Нешто што отсекогаш сум го правелa откако се познавам себеси. Јас, ние, те поддржувавме по целиот пат, и во добро и во лошо. Но, твојата тишина не́ остави да се чувствуваме сами. Знам дека не ви е потребна мојата или поддршката од моите сограѓани Иранци, но засега, со сета тага, се повлекувам.

СОЛМАЗ, ЛОНДОН, ОК




Почитувана Солмаз,

Иранскиот народ беше во моите мисли во текот на протестите што следеа по убиството на Махса Амини. Целосно ги поддржувам храбрите жени од Иран, кои се борат и умираат на улиците за нивната основна слобода и достоинство, и мажите кои стојат со нив. Воодушевен сум од нивната храброст и се молам за нивната безбедност.

Со многу љубов, Ник


Comments


bottom of page