top of page

„Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“: Театарско патување низ личните приказни во Охрид

Во недела, на 16.02.2025 година, со почеток во 20:00 часот, Културниот центар НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде домаќин на премиерната изведба на локациски специфичната театарска претстава „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“.



Ова е третата етапа од трилогијата на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА“, на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, која истражува општествени прашања и предизвици преку имерзивен и партиципативен театар.



две девојки во шума седат
Перформансот „Алхемија на дивината“ се одигра во Вевчани во склоп на  „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА“;


„Напуштени места“ е метафора за неискористениот потенцијал на просторите и културното наследство, места полни со сеќавања, метаморфози, нови перцепции, регенерација, мистерија, бунт и угнетување. Претставата ја води публиката низ просториите на Културниот центар, истражувајќи лични приказни, ранливи состојби и спомени кои можеби и вам ви се случиле.

Изведбата нè враќа во минатото и нè носи во една алтернативна иднина, во која ликовите сонуваат да бидат. Целиот простор е креиран според внатрешниот свет на протагонистката и нејзините мисли, откривајќи одамна заборавени лични ритуали, угнетувања и ветувања. Колку повеќе ликот станува свесен, толку посилна е нејзината потреба да се ослободи од структурите кои не ги создала самата. Таа почнува да го препознава кодот на однесување што се пренесува од мајка на ќерка со векови.

Главниот лик се ослободува од товарот на борбата за место во историјата, учејќи како да биде човек, автентична во својата проценка, желби и начини на исполнување на животот, секогаш свесна за она што го остава зад себе. Таа е мудра, воин, девојка, заробено битие, мајка, ќерка; таа е исцелителка и пејачка; таа е мрзлива и вредна; таа е сè и насекаде, а може да биде ништо и никаде.

Овој експериментален театарски перформанс е резултат на креативен процес на соработка помеѓу актерите и драматургот. Тој ќе ве поведе на лично внатрешно патување и длабока имерзивност.

Детали за настанот:

  • Време: 16.02.2025, 20:00 часот

  • Место: НУЦК Григор Прличев, Охрид

  • Влез: Бесплатен, со претходна резервација на место преку е-пошта на [email address removed] или порака на 070250500.

Играат: Адријана Билаловиќ-Тодороска, Павел Маслов, Билјана Билаловиќ-Велјаноска, Јасмина Василева, Јасмина Билаловиќ

Драматург и режисер: Јелена Вуксановиќ

Текст: Колективно авторство на актерите и драматургот

Костими: Павел Маслов

Светло: Илија Левески

Извршен продуцент: Јасмина Билаловиќ

Продуцент: Културен центар МЕДИА АРТЕС

Копродуцент: НУЦК Григор Прличев, Охрид

Партнер во имплементација: КСП Центар-Јадро

Финансиски поддржано од: Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page