top of page

Мет Галата почнува наскоро со темата „Карл Лагерфелд: линија на убавина“


Карл Лагерфелд работи со својата сакана мачка Шупет

Еден од најочекуваните и најспектакуларните настани во модниот свет - Мет галата се одржува вечерва. Годишната хуманитарна забава во Институтот за костими во Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк на која дебитира нова изложба, која гостите (околу 600 ) ја погледнуваат пред да продолжат со вечерата и следење на настапот. Програмата е држена во најголема тајност - освен кога ќе протече понекое селфи од тоалетот, или во случајот со Соланж, Бијонсе и Џеј Зи - сигурносната снимка од лифтот која стана иконичен настан далеку од муаебетите на МЕТ галата.




Секоја година има различна тема и дрес-код за гостите кои се најпознатите личности од светот на филмот, музиката, спортот и политиката.

Оваа година Мет галата ќе се одржи на 1 мај, и темата е „Карл Лагерфелд: линија на убавина“. Темата е посвета на легендарниот моден дизајнер, кој почина во 2019 година и кој беше редовен посетител на Мет галата. Изложбата ќе го проследи неговиот живот и кариера од 1933 до 2019 година, преку естетски теми кои се повторуваат во неговите дизајни. Некои од поканетите ко-претседатели за оваа година се Пенелопе Круз, Микаела Коел, Федерер и Дуа Липа.



Работеше за различни модни куќи, како Балман, Пату, Клои, Фенди, Шанел и својот сопствен бренд. Иако беше редовен посетител на Институтот за костими на Метрополитан музејот на уметноста во Њујорк, истовремено тврдеше дека модата не припаѓа по музеи. Тој сметаше дека модата е уметност која треба да биде на улицата, на телата на жените и мажите. Затоа Институтот за костими одлучи да не прави традиционална ретроспектива на неговото дело, туку да го истражи клучот кој го обединува неговиот огромен и разновиден опус.




Околу 150 оригинални изгледи - од сите куќи што ги служеше, како и неговата сопствена линија - ќе бидат претставени во МЕТ заедно со нивните соодветни оригинални скици.

Понатаму, видео интервјуа снимени од големиот Лоик Пржент, ќе им овозможат на посетителите да го запознаат Лагерфелд. Ентериерот на изложбата го дизајнирал архитектот Тадао Андо. Болтон рече дека Андо еднаш дизајнирал куќа за Лагерфелд, која никогаш не била реализирана: некои од нејзините елементи ќе оживеат во A Line of Beauty. Главниот спонзор на изложбата ќе биде Шанел, додека Фенди ќе обезбеди голема поддршка. Модната марка Карл Лагерфелд и Конде Наст ќе додадат дополнително финансирање.





Но, не е сè е така розево како што изгледа. Темата за МЕТ галата оваа година предизвика многу контроверзии и критики од страна на јавноста и активистите. Кансел културата се замери со Карл поради следниве причини:


- Карл Лагерфелд беше познат по неговите застарени и понижувачки изјави за жените, луѓето од боја, мигрантите и - чудно но - ЛГБТ+ заедницата. Некои од неговите цитати се: „Никогаш не би бил пријател со некој кој има дебели раце“, „Немам ништо против хомосексуалците ... ама не треба да им се дозволува да влегуваат во брак“,

Никогаш не би користел манекенки кои се забрадени... тоа е нечесно кон жените“.


- Карл Лагерфелд беше обвинет за апроприjација на култури од други народи и региони во неговите колекции. Некои од примерите се: колекцијата за Пролет/Лето 2016 за Шанел, каде што користеше елементи од кубанската култура без да ги спомне или да ги компензира; колекцијата за Есен/Зима 2013 за Фенди, каде што користел парчиња од американските домородци.


- Во 2017 година, тој ja обвини Германија за приемот на мигранти од Сирија и рече дека "не може да убиваш милиони Евреи за потоа да донесеш милиони нивни непријатели ".


- Во 2013 година, тој го нарече папата Франциск "хомосексуалец" и рече дека тој треба да се ожени со својот приватен секретар.


- Во 2012 година, тој ја критикуваше пејачката Адел за нејзината тежина и рече дека е " премногу мрсна".


- Во 2009 година, тој ја обвини принцезата Дијана за нејзината смрт и рече дека тоа било "нејзина вина" бидејќи таа бегала од папараците.


Актерката Џамила Џамил, на Инстаграм кажа: „Знам дека ќе се замерам со Воуг после ова, но... Карл Лагерфилд - Не!“ - и постави слајдшоу со своите причини.









Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page