top of page

Местенка


Вратете се. Вратете се. Вратете се! Таа улица - не е објаснето зошто - носи мошне наивно име: „Има уште време", но зад таа наивност се крие опасна местенка. Таму не се оди.


Таму нејасната мрша во распаѓање, фрлена во правта, ги привлекува малите девојчиња да истрчаат од дворовите на детството за да плукнат врз неа, за потоа да се обидат да се вратат - но таму каде што имало зелена порта со мала китка суви цвеќиња и 'рѓосана рака-чукало, сега ги пречекува висока врата од судска палата со вратар кој секогаш гледа некаде лево, и кој се преправа дека не ги слуша молбите што треба да го умилостиват. Не помага ни да му се покажат фотографии на умрените роднини, ни потврда за платениот данок, ни старо љубовно писмо со измислена адреса. Вратете се. Вратете се. Вратете се додека уште има време! Таму не се оди.


Влада Урошевиќ; Барокна подморница.

Повеќе од приказните на Окно.


Comentarios


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page