top of page

„Лиминални простори – лиминални тела“: Танцот и филмот оживуваат напуштени простори во Охрид



На 30 ноември, сабота, со почеток во 20:00 часот, на малата сцена на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи настан кој ги спојува танцот и филмот. Под наслов „Лиминални простори – лиминални тела“, вечерта ќе понуди проекција на експериментален краток филм и изведба на современ танцов перформанс.

Организиран од Здружението на уметници „Културен центар Медиа Артес“, настанот е дел од проектот „Сиот свет е сцена“, кој го истражува имерзивниот и партиципативен театар како алатка за соочување со општествени предизвици.


Проекција на краткиот филм „ЛИМА“ (13 минути)



Филмот „ЛИМА“, под режија на Батухан Ибрахим и кореографија на Ивана Балабанова, ја оживува историјата и трансформативниот потенцијал на напуштените модернистички простори во Охрид. Преку танц и визуелна уметност, филмот создава нов свет во кој минатото и носталгијата се претвораат во надеж.

Екипа:

  • Режија: Батухан Ибрахим

  • Кореографија: Ивана Балабанова

  • Директор на фотографија: Стефан Ѓорѓиевски

  • Композиција: Алесандро Ола

  • Костими: Ивана Балабанова, Снежана Чоловиќ, Маја Ѓуреска


Танцов перформанс „Лиминално тело-2“



По проекцијата, публиката ќе може да ужива во танцовата изведба „Лиминално тело-2“. Делото, инспирирано од концептот на лиминалност, ги истражува состојбите на транзиција и трансформација во современиот живот. Ова е одраз на внатрешните борби и адаптациите во свет кој постојано се менува.

Екипа:

  • Кореографија: Ивана Балабанова

  • Изведба: Тереза Лазарев, Стефани Шааршмит

  • Музика: Алесандро Ола

  • Сценографија: Мартин Манев

  • Костими: Маја Ѓурчиноска и Антонија Гугинска

Разговор со авторите



По завршувањето на програмата, ќе следи разговор со авторите, кој ќе им овозможи на посетителите подобар увид во креативниот процес и можност да ги споделат своите впечатоци.

Влез и резервации

Влезот е бесплатен, но е потребна претходна резервација. Местото може да се резервира преку е-пошта на abandonedplaces.mk@gmail.com или со порака на 070 250 500.

Поддржувачи и партнери



Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, со поддршка од партнерски организации, вклучувајќи ги „Културен центар Медиа Артес“, „Танц бункер“ и Zurich University of The Arts.


*Автор на фотографиите: Ања Калин

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page