top of page

Лаб дизајн маркет ги носат македонските диазјнери на меѓународниот настан BIG Design Ljubljana 2024



Македонската дизајнерска сцена овој викенд ќе има своја значајна претстава на престижниот меѓународен настан „BIG Design Ljubljana 2024“, благодарение на соработката помеѓу Лаб дизајн маркетот од Скопје и словенечкиот Big SEE од Љубљана. Настанот, кој се одржува од 10 до 12 октомври во центарот на Љубљана, ги обединува најкреативните умови од југоисточниот дел на Европа и претставува платформа за истакнување на иновативноста и талентот на регионот.



Овој тридневен фестивал ќе ги претвори улиците на Љубљана во динамичен изложбен простор, на кој ќе бидат изложени уникатни дизајнерски решенија и производи од над 40 излагачи, вклучувајќи ги и македонските дизајнери и занаетчии од Лаб дизајн маркетот. Нивните најнови колекции ќе бидат презентирани на отворената изложба пред Градското собрание на Љубљана, која започнува на 10 октомври, во 12 часот.

Претставени ќе бидат македонски дизајнери како Армма, Лудус, Мамка, Микка, Маринов, Елена Ристовска, Ксенија Котев, Дана Андо, Епокси, Номад, Ле Бренд, Сербез и Солар, кои преку своите иновативни производи ќе ја претстават креативната енергија на македонската дизајн сцена.



Овој настан, кој го истакнува дизајнот како форма на уметнички израз и економски потенцијал, претставува голема можност за нашите дизајнери да се поврзат со интернационални партнери и да го зголемат својот професионален углед на глобално ниво. Настанот „BIG Design Ljubljana 2024“ е и одлична прилика за македонската публика да ги следи чекорите на своите талентирани претставници на светската сцена.

Fестивалот „BIG Design“ има за цел да ја прослави и поттикне креативноста и дизајнерскиот иновативен дух, со фокус на влијанието на дизајнот врз општеството и културата.

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page