top of page

КСП Центар - Јадро го носат првиот македонски Верзуз со Ненад (Брус) vs Марко Зад Аголот

- Марко! Среќен роденден!

- Фала многу! - одговара речиси веднаш. Марко и јас не се знаеме и ова нѝ е прв муабет. Со Дива разговорите во ова кратко време што постоиме, откривме дека колку името е поголемо (во влијание, колку време функционира во одредена кариера) толку е полесно да се зборува со тој или таа, и да се договори што и да треба да се договори, па дури и едноставно одговарање на прашања. Оние кои уште работат да стигнат до статусот на овие првите се најкомплицирани и многу едноставни ситуации стануваат сложени и тешки. Па настрана што ми измами насмевка, со ведриот дух – ѝ заблагодарив на која и да е виша сила, за лесниот муабет.




Дива: Tap your gloves (нели како боксерите) – зошто ќе победиш утре?

Марко Зад Аголот: Нема да победам затоа што не се натпреварувам со никого освен со себе. Со Нено сме пријатели и ќе направиме една интересна работа што нема да ја очекуваат луѓето. Со Нено работиме повеќе од 20 години и направивме доста култни песни за македонската хип хоп сцена.

Дива: Дали тоа значи дека во еден момент Верзуз ќе биде во рамките на една иста трака/песна?

Марко: Неее! Нека има тајна. Скопје веќе нема дискотеки. Се надевам дека ќе дојдат луѓе да се дружиме и да испиеме по некое пивце.

Дива: Гарант. И се надевам дека журката ќе продолжи.

Марко: Па двајца продуценти и еден диџеј сме. Додека не нѐ избркаат таму сме.



Овој „двобој“ (со рима :) ) не е многу различен од неговиот пандан по кој го земаат урнекот: Верзуз (Verzuz). Тој почна за време на карантинот на Инстаграм Лајв, кога сите бевме заклучени дома, а сега е бизнис кој надмина милијарда долари и ја бранува културата до ден-денес.


Многу натпревари на Верзуз почнуваат како среќа во несреќа. Оригиналниот Verzuz започна во март, кога упатите за останување дома ефективно ги затворија клубовите насекаде и се најдовме како се движиме низ Инстаграм за да видиме кој што прави на Лајв. Една вечер, Тимбаленд (Timbaland) се појави на Инста, се блесавеше, танцуваше и пушташе од плочите што ги правеше додека тепаше време во своето студио. Одеднаш, тој му викна на својот брат Свиз (Swizz Beats): „Каде си?!“

Поканата ги наведе да одат заедно во живо следната вечер на епски петчасовен маратон во кој тие наизменично ги свиреа своите најголеми хитови и разменуваа приказни. Форматот се чинеше како нов - дел како ноќно излегување во клуб, дел документарец од типот „која е приказната позади сцената“ и, над 20.000 фанови се вклучија, а до пролетта 2020 Верзуз беше означен како самостоен бренд.



Шоуто на Инстаграм брзо стана една од најголемите успешни приказни на пандемијата, бидејќи Свиз и Тим ги искористија своите врски за да ги спојат сè поголемите битки од соништата низ R&B, хип-хоп, госпел и денсхол. Легенди како Џил Скот против Ерика Баду. Нели против Лудакрис. Снуп Дог против DMX. Гледис Најт против Пети ЛаБел, твитерџиите со љубов ја нарекоа #AuntieChella (дадачела). Во свет каде што ноќниот живот не е одржлив, луѓето планираат да гледаат Верзуз како легитимни забави на интернет, да ги рангираат нивните омилени песни и отворено да фантазираат на Твитер, што би носеле и што би било соодветно за периодот, доколку ги напуштат своите дневни соби.


Но, вистинската магија на Верзуз е спонтаноста, чувството дека сè може да се случи. Кога Баунти Килер се спротивстави на Бини Мен на битка во лице во Јамајка, на пример, нивниот настап беше толку збрлавен што полицијата се појави и се обиде да го исклучи. „Дојди џандарр ае да те видиме“, се појави Ријана во коментарите додека половина милион гледачи гледаа во неизвесност. „Кажете ѝ на полицијата да оди домаа!“.


Полицијата набрзо попуштила, а забавата продолжила.


Без најава, 30.000 луѓе гледаа. Тоа е без флаер, тоа е без ништо. Тоа сме само ние таму горе само што одиме. Ангажманот [на Instagram Live] обично е 30, 40 секунди - не четири, пет часа. Луѓето останаа наоколу додека губам Wi-Fi и го носам до автомобилот и се качувам по ридот и го правам тоа од автомобилот. Знаевме дека имаме нешто. Почнавме да добиваме телефонски повици, а потоа јас и Тим кажавме: „Ајде да продолжиме со оваа работа и да ги славиме писателите, продуцентите и музичарите“.



Во моментов Верзуз има форма на вебкаст и ставен е позади пејвол (се наплатува за да се гледа), за да може да се одржува и да има смисла, финансиски – нашиот прв Верзуз е без некое посебно изненадување – спонзорирано од Министерство за култура. Се чини дека не можеме да избегаме од зависноста на фондови, грантови, донатори...Опцијата е да се функционира сосема волонтерски, што не е фер кон никој од оние што професионално се занимаваат со кулурата наспроти само како хоби.


Јадро не е многу тешко да се заклучи дека се пример како се користат тие пари одговорно и онака како се замислени – чисто по критериумот: културната игла на македонската сцена ја поместуваат конзистетно, постојано и квалитетно. Или сосема симплистички: да беа сите корисници на парите наменети за македонската култура, „пред гранапче“ муабетите, но и кои ги читаме деновиве по колумни и слушаме на пословичните „пред гранапче“ - нема да постоеја.




Е сега за македонската хип-хоп сцена.. Веројатно сосема аналогно со светските трендови, тие во моментов се доминатната музичка сила, она што до 90-те беше рокот (и сите негови гранки). Македонските хип-хопери се овде, речиси од зародишот на самиот хип-хоп и во моментов е толку богат, што е невозможно да се пофаќаат конците набрзинка. А Ненад Брус од хип-хоп продуцент преминува во рок ѕвезда (Foolish Green) без да изгуби чекор.



Меѓутоа Марко Зад Аголот поточно Марко од Зад Аголот, и Ненад (Брус) се хип-хоп ветерани. Во најавата на Јадро убаво и концизно е тоа објаснето – сосема нетипично за мене:


Марко Зад Аголот како продуцент е активен од 2001 година, период во кој има работено музика за СВП (Бранко и Марко во разни постави), Исток Запад, Зад Аголот (Римиски Масив, Длабока Трага, Контра Напад, Паки), СТР 2, Страјк, ЛД Пистолеро, Бвана (Србија) и многу други. Прави рап мрсен и хромски!


Ненад Стефаноски ја започнува својата музичка кариера на рана возраст кон крајот на 90тите и оттогаш како композитор, вокалист, инструменталист и музички продуцент учествува и соработува во бројни музички изданија и живи настапи, меѓу кои се проектите на Фулиш Грин, Легијата, Гринаут, СТР2, ЛД Пистолеро, САФ, Џака Накот, Против Сите, и колаборација со многу домашни и странски артисти (копродуцент, аранжер, вокал, итн.). Покрај учеството во бројните проекти на македонската популарна музичка сцена, тој работи и како композитор и саунд дизајнер во областа на филмот, телевизија, театарски претстави, адвертајзинг и веб содржини. Покрај горенаведеното, тој повремено настапува и како диџеј, инспириран од македонската забавна музика од минатиот век. Важи и за собирач, селектор и промотер на македонската евергрин музика која потекнува од 50-тите години па навака.“




Го прашавме Ѓорги Пулевски од КСП Центар-Јадро: Од активностите кои ги следиме, хип-хопот ви се измолкнал? Кој е мотивот да се свртите кон овој жанр/движење?


Ѓорги: Ние како културна установа од самиот старт од пред три години имаме програмска линија која се занимава со хип-хоп културата во Македонија. Одржавме 6 дискусии за хип-хопот, како што се на пр.техничките аспекти на пишување со Tonyo San, конфликтната позиција на феминизмот во рапот со Ивана Смилевска. Покрај тоа имавме 8 месечен бесплатен курс за аудио продукција со Владимир Аговски Аго за 20 учесници, рап концерти на Кацар и Бибич и можеби нашиот најмбициозен проект - рап демо конкурсот со Гоце Саф, Аго и Druggy. Oва е концертот во нашиот простор од сите избрани новајлии. Во однос на Версуз битките и минатата година имавме ист ваков концерт со Кискинов vs Druggy. Центар-Јадро продолжува да ја негува и омоќува оваа култура.


Драго нѝ е што можевме ова да го разјасниме!


На прашањето: „што посакувате и се надевате утре да се случи на настанот?“


Ѓорги: Настанот првенствено е еден вид на славење и оддавање почит на работата на Ненад (Брус) и Марко од Зад Аголот. Тоа се сериозни имиња во изградбата на македонската хип хоп култура преку нивните ритами, продукции и рапување. Тие имаат изградено свој стил, израз и печат кој продолжува да инспирира генерации. Настанот е замислен како еден мегдан во кој ќе може да се погледнат варијациите и деталите во нивната работа. Тоа се двајца артисти кои се многу блиску генерациски и па би рекол дека се блиску и хронолошки во својот творечки период. Настанот всушност ќе направи дистинкција во нивниот пристап и краен продукт, но истовремено и еден механички консензус за нивниот квалитет.


Дали ќе биде само овој настан (или ограничен однапред одреден број)?

Ѓорги: За оваа година не планираме уште еден настан, но кај нас програмата е динамична и секако може да претрпи измени.


Па " Draga braćo, MC'ji, Dj'i, Braker-i, Writer-i" – топката е на ваш терен. Знаете дека Јадро се во ваш тим и можеби може сликата да се сврти од друга перспектива.


А за нас како публика првиот чекор е во петок во 20:30 пред Јадро.



Comentarios


bottom of page