📅 15 ноември 2024
📌 Салон 19:19
🕓 19:19 часот
Програма
А. Вивалди - Концерт оп.3 бр.8 – Алегро / Ларгето е спиритуозо / Алегро
А. Дворжак - Хумореска
Г. Форе - Павана оп.50
Б. Цанев - Овчеполска свита
Aнте Б. К – Свита за две виолини и пијано
Д. Шостакович - Пет пиеси
Почитувачите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во настапот на „Трио Аперто“, кој ќе се одржи на 15 ноември (петок) во Салон 19:19, со почеток во 19:19 часот. Триото, составено од реномираните македонски музичари Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова Христов (пијано), ќе ја претстави својата разновидна музичка програма, која вклучува дела од македонски автори и светската класична музичка литература.
Од основањето до меѓународни успеси
„Трио Аперто“ е основано во 2018 година, по иницијатива на виолинистката Марина Трајковска, долгогодишен член на Македонската филхармонија. Од своето основање, триото посветено се залага за развој и промоција на камерното музицирање во Македонија, особено на дела од македонски автори. Со визија за збогатување на македонската музичка сцена и поттикнување на композиторите да творат за ваков вид на камерни ансамбли, тие успеале да привлечат внимание и на интернационалната сцена со настапи во културни центри во Истанбул и Тирана.
Програма што го спојува класичното и современото
На концертот во Салон 19:19, „Трио Аперто“ ќе изведе внимателно избрана програма која ги спојува традиционалните и современите тонови. Програмата вклучува класични дела како Концертот оп.3 бр.8 на Вивалди и „Хумореска“ на Дворжак, заедно со современите македонски композиции, како што е „Овчеполска свита“ на Благоја Цанев. Посебен акцент е ставен на делото „Свита за две виолини и пијано“ на Анте Б. К., кое го истакнува автентичниот камерен звук. Концертот ќе биде заокружен со делото „Пет пиеси“ на Дмитриј Шостакович, што ветува возбудлива комбинација на нежност и драматика.
Поддршка за младите и за македонското музичко творештво
Една од клучните мисии на „Трио Аперто“ е промовирањето на македонската музика и ангажманот во едукација на најмладата публика. Со организирање на едукативни концерти за деца од предшколска и училишна возраст, тие настојуваат да ја доближат класичната музика до младите генерации, истовремено поттикнувајќи го развојот на културната сцена во земјата.
Концертот на 15 ноември е посебна можност за сите љубители на класичната музика да доживеат вечер исполнета со уметност, емоции и висок квалитет на изведба. Настанот ветува вечера во која македонската и светската музичка традиција ќе се спојат во еден исклучителен музички мозаик.
Comments