top of page

Концерт на Ник Кејв: Кејв се зезаше на сметка на Radiohead со Гринвуд на сцената


Ник Кејв и неговите лоши семиња (Nick Cave & The Bad Seeds) одржаа емоционален настап на О2 арената во Лондон на 9 ноември, создавајќи незаборавен момент од турнејата кој го промовира извиканиот албум Wild God. Меѓу музичките изведби, беше и еден забавен момент што предизвика смеа и задоволство кај присутните. - нешто што не очекувате дека ќе се случи на концерт на Ник Кејв. Или бед сидс.



Турнејата на Бад Сидс оваа есен вклучува и неколку изведби во Лондон, а на вториот концерт, Кејв не пропушти да се зеза со своите бенд-колеги, поточно басистот Колин Гринвуд од Radiohead, кој го замени редовниот басист Мартин Кејси.

По неколку песни, Кејв направи пауза за да се пошегува со еден од фановите во првиот ред, кој носеше „ужасна Radiohead блуза“, како што ja нарече Кејв. Но, за да го заостри моментот, тој продолжи: „Што е уште полошо, имаш Бјорк маичка под нејзе!“ Оваа изјава на Кејв се проследи со смеа од бендот, а фронтменот веднаш додаде: „Ние ги сакаме и двајцата, нели, Колин? Ние го украдовме Колин.“



Публиката аплаудираше, а Гринвуд, кој веќе е долго време дел од бендот, едноставно се насмевнува.

Но, Кејв не застанал тука. За време на изведбата на една од нивните најпознати песни, Red Right Hand, Кејв се врати кон фановите во првиот ред и, гледајќи го истиот човек кој носеше „In Rainbows“ блузон, ги преработи стиховите со зборовите: „Ти сакаш уште една гадна маичка? Ќе ти ја купи Колин.“

Овој хумористичен момент беше само дел од една страствена и емоционална вечер, која имаше и многу музички врвови. Изведбите на песни како Wild God и Jubilee Street ја демонстрираа моќта и длабочината на новиот материјал, додека песните како White Elephant и Carnage додадоа на богатството на настапот. Особено трогателен момент беше посветен на поранешната соработничка на бендот, покојната Анита Лејн, со песната O Wow O Wow (How Wonderful She Is).

Comentários


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page