top of page

Кендрик Ламар со поткаст на Спотифај

Последниот албум на Кунг-фу Кени го добивме во 2017та, тој ги доби сите цвеќиња(таа изрека доаѓа од: зошто да чекаме некој да почине за да им ги подариме цвеќињата кои ги заслужил, зошто тоа не го направиме додека луѓето се сè уште овде?) за кои можеше да се надева, и потоа го снема - сосема он бренд за него. Го слушнавме во пар соработки, најпроминентна беше онаа со неговиот братучед Baby Keem

I thought you'd known better

I am the omega, pgLang, Rollie gang, SIE

Don't you address me unless it's with four letters

I been ducking the pandemic, I been ducking the social gimmicks

I been ducking the overnight activists, yeah

I'm not a trending topic, I'm a prophet

I answer to Metatron and Gabriel

pgLang: И тогаш минатиов август се јави со писмо: мисијата со Top Dawg Entertainment е завршена, и со меѓусебна почит и благослов после девет албуми (десетиот во подготовка) го напушта ТДЕ (тој од својата страна потврди дека ги надминале своите најлуди амбиции и дека во разделувањето нема лоша крв).

“ Ги поминувам повеќето денови со минливи мисли. Пишувајќи. Слушајќи. И во колекција на стари Бич крузери. Утринските возења ме задржуваат на рид од тишина. Можам да пројдам со месеци без телефон. Љубов, губитоци, и тага - ја разбуричкаа мојата зона на удобност, но сноповите на Господ, зборуваат преку мојата музика и фамилија. Додека светот околу мене се врти, јас размислувам за она што значи најмногу. Животот во кој моите зборови ќе заземјат. Има убавина во довршувањето. И секогаш верба во непознатото. Ви благодарам што ме имате во вашите мисли. Вие сте во моите молитви. Ќе се видиме доволно скоро. „

Јасно е дека навистина пишува и дека е во состојба на мир, кој во неговите стихови дознаваме дека е добиен со внатрешна титанска борба, но покрај убавите зборови, дознавме дека тој започнува своја компанија - Пг ланг (п-то е на кирилица инаку:) ) - Каде велат - креативци од најразлични раси, генерации, етничности, ќе можат да си го најдат домот во издаваштвото, поткастите, музиката, филмовите - било кој медиум и да им треба...





Да се скрши онаа генерациска клетва.

За нејзе планираме да зборуваме многу во Дива.

Но, немавме намера да зборуваме екстензивно за pgLang - само како контекст кој ја вдомува следната вест:

Кендрик Ламар, на 16ти февруари, ќе биде гостин-домаќин на поткастот на новинарот Алекс Пападемас The Big Hit Show, поткаст кој делува во поглавја, за „ лудо успешно парче на поп култура, толку големо, што го менува светот„. Овој серијал ќе биде за албумот на Kendrick - To Pimp a Butterfly. Ќе вгости имиња како раперката Rapsody, и Џорџ Клинтон, а е во продукција на Higher Ground - продукциската куќа на Мишел и Барак Обама, која има договор со Спотифај.

Има веќе тизер за серијалот, и најавено е освен гостите, дека ќе се дискутира за притисокот кој Кеј Дот го чувствувал после good kid, m.A.A.d city .... Но и како песната Alright стана химна на БЛМ движењето : Ако господ нè чува, ќе бидеме добро...

На истиот ден ќе излезе првата епизода од трилогијата за Кање Вест Jeen-yuhs на Нетфликс, а со оглед на тоа како збеснува (пресметано) деновиве, манипулирајќи ги алгоритмите за да биде на врвот на трендинг категориите, подобро и да не правиме паралела, или натпревар од ситуацијата...

Само е потсетник...



Стани Дивотно

コメント


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page