top of page

Кендрик Ламар го објави видеото за Squabble Up


Кендрик Ламар не попушта со неговите позитивни шокови: тој повторно ги изненади фановите со издавањето на неговиот проект GNX, кој пристигна ненадејно минатиот петок. Видеото за песната „Squabble Up“ (почетниот сегмент веќе го слушнавме на Not Like Us спотот, и стана позната како „брокули песната“ : I woke up looking for the broccoli), втората на листата од албумот, се објави вчера, во режија на Калматик, со карактеристичниот визуелен стил кој го одликува Кендрик. Во видеото се преплетуваат културни и музички референци, вклучувајќи омаж на Nate Dogg, албумот Power на Ice-T, и хумористична книга насловена How to Be More Like Kendrick for Dummies. Цурите - како се позиционирани се прилично инспиративни. Поставената сценографија, која потсетува на спотот на The Roots за „The Next Movement,“ дополнително додава на симболиката што фановите веќе почнаа детално да ја анализираат. Филмичноста на спотот иако е веќе традиционален израз - повторно возбудува, самото внимание, енергија и обмисленост на секој кадар (девојка во трико со танга држи калашњиков свртена со грбот, покриените идентитети (лицата) на Бладз дечките - додека самиот Кендрик сега носи син блузон, итн, итн...)




Она што најмногу привлекува внимание е натписот кој се појавува на крајот од видеото – „Compton Christmas Parade.“ Овој елемент ги поттикна шпекулациите за можното учество на Кендрик на годишната парада во Комптон, која ќе се одржи на 14 декември. Ѕвездите како Jason Martin "Problem" и Compton Cowboys веќе се потврдени како главни гости, а прашањето останува дали Кендрик ќе биде следното изненадување.



Насловот „Squabble Up“ го привлекува вниманието со својата специфична двосмисленост. Во уличниот сленг, „squabble“ се однесува на караница или борба, но Кендрик го трансформира значењето во повик за социјална акција и личен развој. Музички, песната го користи семплот од култниот фристајл хит на Debbie Deb, „When I Hear Music“. Овој избор додава енергична електро-фанк динамика на траката, создавајќи звучен мост меѓу 80-тите и современиот хип-хоп. Семплот е вешто вграден во песната, давајќи ѝ на композицијата слоевита текстура и чувство на носталгија.



Жанровски, „Squabble Up“ е автентичен пример на фузија на стилови. Траката комбинира електро елементи, фанк енергичност и модерни хип-хоп ритми, поставувајќи платформа за карактеристично моќниот лиризам на Кендрик. Ритмичките промени се суптилно синхронизирани со текстовите, а продукцијата, предводена од pgLang, ја истакнува чистотата и техничката прецизност на звукот. Ритмичкиот дел, облагороден со храбри промени во темпото, ги истакнува текстовите што ги комбинираат лирските референци на албумите good kid, m.A.A.d city и To Pimp a Butterfly. Оваа сложеност, проследена со беспрекорна продукција (потпишани се по пет продуценти на секоја од песните) се потврдува дека Кендрик останува технички иноватор и уметник кој одбива да се придржува кон очекуваните музички формули. Како ученик на др.Дре кој го нарече своевремено „научник“ кога ја носи продуцентската капа, сосема очекувано.


GNX – нов албум кој руши рекорди и поставува нови стандарди



GNX е петтиот студиски албум на Кендрик Ламар и веднаш по неговото ненадејно објавување, започна да доминира на музичките платформи. Албумот постави рекорди на Spotify и Apple Music за најслушан албум во првите 24 часа, додека критичарите го нарекуваат „ремек-дело кое совршено го доловува балансот меѓу иновација и почит кон неговите корени.“

Фановите реагираат со ентузијазам на комплексните текстови и уникатниот музички стил кој GNX го носи, а песните како „Not Like Us“ и „Squabble Up“ веќе се сметаат за потенцијални добитници на Греми. Овој проект ја потврдува доминацијата на Кендрик како еден од највлијателните уметници во современата музика.



Стани Дивотно

Comentarios


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page