top of page

Има ли надеж за ДПМ?


ДПМ отсекогаш било вгнездено во мојот ум како организација со сосема несиметричен лик, и подвоен карактер:

Од една страна е дом на македонската литература и јазик, институција која го дава печатот и пропусницата на кариерите на надежните писатели и поети, на начин на кој не може ниту една друга да го направи тоа. Дом на книжевните светци и свештенство... Но од друга страна инертно до таа граница што таа инерција е всушност кочница, во свет кога културата се се́ повеќе динамична, на сите полиња: и интердисциплинарна, инклузивна, и во однос на самото „месо„ : ликовите се се́ поразнолики, годините, полот, родот, етничноста и расата е се помалу хомогена, и медиумите во кои се пласира, како сосем валидни. Дигиталната ера, се чини дека е порадикална од индустриската револуција, на начинот на кој од корен го смени светот.


И во тој возбудлив и храбар нов свет: ДПМ пркосно и упорно ја држи позицијата која што отсекогаш ја држело. Навистина не знам, дали до сега имало предизвик барем во разговорите, па и неформалните за суштинско реконструирање во насока на прилагодување на духот на времето, или пак, иницијативата на Живко Грозданоски е пионерска во своето делување. Каков и да е случајот, тој сепак ќе биде „лакмусов тест„ за капацитетот на ДПМ, да го направи апсолутниот минимум да се помести од мртва точка, и почне да мисли на „ново, иновација„ како нешто, од што не би требале да се плашат, туку напротив, е повод за ентузијазам. Еве каков е развојот на настаните, од перспективата на Живко Грозданоски:





Вчера претседателството на Друштво на писателите на Македонија донело одлука изборното Собрание на ДПМ да се одржи на 28. мај (сабота), во 11:00 во просториите на ДПМ на ул. Максим Горки во Скопје.

И покрај располагањето со технологија (ТВ, меил, социјални мрежи...), нештата се такви што не е организирано јавно претставување на кандидатите за раководител на ДПМ (нема разговор, дебата, интервју, итн.). Од друга страна, мејлинг-листата на ДПМ е нецелосна, социјалните мрежи (Фб-профилот на ДПМ, личните профили на кандидатите) се недостапни за голем број од членовите, а и самите алгоритми и поставки на социјалните мрежи (Фб-профилите на членовите на ДПМ, пред сè) често се непредвидливи. Во вакви услови, допирањето до членството што може да присуствува на Собранието останува на самите кандидати.

Оттаму, во овие денови до Собранието, ќе се потрудам да контактирам колку што можам повеќе членови на ДПМ (оние од кои имам контакт: меил, Фејсбук, Вибер, телефонски...) – во најмала рака за да ги информирам за тековните случувања во Друштвото, за точниот датум и час на Собранието, а потоа, евентуално и за мојата програма, мотиви, итн. Бројот на членови на ДПМ е околу 290, и сигурно нема да успеам да дојдам до повеќето, но ќе направам колку што можам. Нека простат оние од кои немам никаков контакт и/или кои нема да успеам да ги контактирам. Во секој случај, колку повеќе членови на изборното Собрание, толку полегитимен изборот на следното раководство.

Оваа ситуација ме потсетува, најпосле, на преведувањето книга: често, додека преведувам, штом наидам на збор или на израз од сфера со сопствена терминологија, го користам тоа за да му се јавам или да му пишам на некој пријател/ка (пчелар, архитектка...) и да побарам од него/неа совет за превод, или потврда на мојот превод. Во најмала рака, контактирам за да се поздравам. Во случајов, верувам дека ја преведувам мојата заложба за ДПМ, а пријателите што можам да ги контактирам и да ги поздравам во врска со преводот се многу повеќе – и јас тука можам само да бидам благодарен. „


Навистина се надеваме дека има простор и малку време, за менување на курсот!

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page