top of page

Илјадници африкански студенти дискриминарани и оставени на себе во Украина

Срчаноста и храброста на укранските граѓани и па политичари ја направија целата разлика во тоа како се известува за војната во Украина, вниманието и сочувството кое го добива. Западот е обединет на начин на кој не сме го посведочиле до сега, а тој „уметнички впечаток„ многу е веројатно да ја внесе Украина во голема мерка, во ЕУ во вонреден неформален самит во март.


Но една приказна од дамка, и споредна приказна, станува сѐ поголема, и станува обезличувачка лузна: Африканците кои се обидуваат да избегаат се изолирани и оставени на милост и немилост на кучињата на војната. Како што почнаа да се евакуриаат луѓето во Украина, откако и последната надеж за мир ги напушти, се качија во автобуси, возови и заминаа примарно кон Полската граница. Меѓу нив и студенти во многуте универзитети во Украина, кои се привлечни поради ниските давачки поврзани за нив. Најбројни се студентите од Мароко (8000 студенти) и Египет (3500) и околу 2000 од западна Африка.


Токму тие сведочат дека секој пат кога им доаѓал редот да се качат биле симнувани, или на украинската граница враќани на крајот на редицата. “Разбираме дека треба да ги спасуваат сопствените граѓани но ние бевме лојани на Украина. Ние бевме таму законски. Им покажавме љубов. Верувам најмалку што можат да направат е да не евакуираат.„ - вели Роналд Мангу Ачу од Камерун за Al Jazeera.

Рејчел Онејгбуле студентка на медицина, заглавена на границата во Лвив им кажа на CNN: “Повеќе од 10 автобуси дојдоа и ние седевме и гледавме како сите си одат. Мислевме дека откако ги изнесоа сите Украинци ќе нѐ изнесат и нас но нѝ рекоа дека мораме да пешачиме, дека нема повеќе автобуси. Моето тело беше отрпнато од ладното и немаме спиено 4 денови. Украинците беа приоретизирани и жени и мажи. Нема зошто да прашувате зошто, знаеме зошто. Само сакам да си одам дома.„

Додека Египет и Мороко своите граѓани во Украина ги повикаа да ја напуштат земјата уште пред две недели, нигеријската влада беше инертна, и на Твитер министерот за надворешни работи им прати порака дека штом се отворат повторно аеродромите - тие веднаш ќе им помогнат. Не знаеме дали е циничен или е озбилен, но јас би била бесна доколку го чујам ова.

Африканската Унија од друга страна беше малку поодлучна и критична во реакцијата: „Сите луѓе имаат право да ги преминуваат меѓународните граници за време на конфликтот, и како такви, треба да ги уживаат истите права да преминат на безбедно од конфликтот во Украина, без оглед на нивната националност или расен идентитет“.

Како се шири веста за заглавените и оставени сами на себе студенти, во САД афро-американската заедница почна да се мобилизира за да им помогне. Популарниот рапер Young Thug кажа на ИГ сторис: „Кој има информациите за овие друштва и организации, ве молиме контактирајте ме што побрзо, јас сум подготвен“. а напиша и „ АКО НЕКОИ ОД МОИТЕ РАП БРАЌА СЕ ЗА ВО БИ САКАЛ ДА ИМ ПОМОГНАМ НА АФРИКАНЦИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД УКРАИНА МОЖАМ ДА НАСЕТАМ ЗОШТО НЕ ИМ ДАВААТ да поминат„


Последната вест е дека со посредство на Африканската Унија, се организира евакуација на сите студенти од Африка во Романија.

update:




Comments


bottom of page