
Општина Центар вечерва, 4 март (вторник) во 19:00 часот во КСП Центар Јадро ќе ја отвори изложбата на идејни решенија за новата управна зграда, со што започна процесот за замена на постојните бараки со современ објект. На изложбата ќе бидат презентирани трите најуспешни проекти, избрани од стручна комисија од вкупно 13 пристигнати трудови.
Настанот ќе биде прилика за јавноста да се запознае со проектите кои ќе го обликуваат идниот изглед на административниот комплекс, кој ќе ги замени постојните стари бараки.
Новиот објект, освен што ќе ги задоволи потребите на општинската администрација, ќе обезбеди и функционален простор за локалните жители. Проектот вклучува изградба на подземен паркинг со капацитет од околу 300 паркинг места и простор за 100 велосипеди, што значително ќе го олесни проблемот со паркирањето во оваа дел од градот.
На архитектонскиот конкурс, организиран од страна на Општина Центар, пристигнале вкупно 13 идејни решенија. Стручната комисија, составена од претставници на релевантни институции, образовни установи и стручни лица од општинската администрација, ги оцени сите проекти и избра три најуспешни.
Првата награда е доделена на тимот кој го создал проектот под шифрата „НАМАТ“. Автори на ова решение се Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски.
Втората награда ја освои проектот под шифра „ЧКЛАБ“ на ПЛАТФОРМА ДОО Скопје, чии автори се Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ Муратовска, Ана Галевска Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени.
Третото место припадна на архитектонското решение под шифра „СЦЕНА“, создадено од Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека избраните три решенија поставуваат темел за изградба на современа и функционална зграда која ќе ги задоволи потребите и на граѓаните и на администрацијата. „Ова е важен чекор кон создавање на простор кој ќе биде пример за урбана одржливост и ефикасност“, додаде Герасимовски.
Новата управна зграда ќе биде модерен и функционален објект, кој ќе ги задоволи потребите на општинската администрација и граѓаните.
„Избраните три решенија поставуваат темел за изградба на современа и функционална зграда која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и администрацијата“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста во наредните денови, а граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со идејните решенија и да ги споделат своите мислења.
Comments