top of page

Зошто луѓето имаат потреба да споделуваат интимни детали на интернет?

Слики кои дозовлуваат стотици или илјадници луѓе да ве гледаат во најранливите или најинтимните моменти… пост по пост во кој се расправате на Фејсбук со членови од семејството, или пријатели - или она што останало од пријателството до моментот кога го распнувате на дигитален плоштад…. Непрестано објавување детали од кризна ситуација кога менталното здравје не е во најдобра кондиција… Сите сме ги посведиочиле сите од овие ситуации, и иако често се дочекуваат со цинизам ретко кога со разбирање ги погледнуваме механизмите на човековата психа која се обидува да држи чекор со темпото на социјалните мрежи.

Во дигиталната ера, луѓето постојано се соочуваат со прашањата поврзани со приватноста. Кога е време да запреме, колку е доволно кога споделуваме информации од нашите приватни животи.


Но, самото време кое го поминуваме на социјалните мрежив(најмалку по неколку часови дневно) и безграничниот пристап до информации претставува предизвик за нашата способност во задржување на нашите лични животи само за себе.


Од друга страна, многу луѓе имаат силна потреба да споделуваат интимни податоци од нивните лични животи. Оваа потреба може да биде комплицирана и комплексна тема, но постојат неколку можни сценарија кои би можеле да објаснат зошто луѓето ја имаат оваа потреба.


Зошто на толку многу луѓе им падна тешко изолацијата за време на КОВИД?


Изолацијата и острацизмот секогаш биле социјален механизам за казнување, и тоа еден од најрадикалните. Па затоа потребата да се припаѓа во одредена заедница и желбата за поврзаност нѐ носи на социјалните мрежи каде ги истураме нашите интимни животи, дури тоа да е во завиена форма, фрагментирано или спорадично…



Луѓето се социјални суштества и имаат природна потреба да се чувствуваат како дел од некоја заедница. Споделувањето на интимни податоци може да биде начин да се создадат врски, да се поврземе, и да припаѓањаме, а со тоа се чувуствуваме безбедни… Иако здравиот разум ни ја посочува сосем спротивната насока и заклучок: дека претераното споделување на приватни информации може да се искористи на наша штета.


Често со споделување на својот личен живот со другите, многумина се чувствуваат прифатени.


Потреба за поддршка и совети: Кога сме соочени со тешки ситуации или предизвици во нашиот личен живот, споделувањето интимни податоци може да биде начин за добивање поддршка и совети. Кога ги споделуваме своите искуства и емоции со другите, може да добиеме нови перспективи и да научиме како да се справиме со тешките ситуации.


Потреба за потврда дека сме важни, видливи и признавање: Споделувањето интимни податоци може да биде начин да се добие признавање и важност од другите. Луѓето често се стремат да бидат слушнати и приметени, а споделувањето интимни податоци може да го постигне тоа. Кога некој ќе го сподели својот личен живот, може да добие поддршка, одобрување и охрабрување од другите.

Влијание на културата и медиумите: Културата и медиумите имаат големо влијание врз тоа како ги гледаме нашите лични животи и дали треба да ги споделуваме интимните податоци. Во некои култури и социјални контексти, споделувањето интимни податоци е прифатливо и често се гледа како начин за изразување автентичност и откривање на самите себе.


Сепак, важно е да се зборува и за ризиците поврзани со споделувањето интимни и лични податоци. Прекумерното споделување може да предизвика загуба на приватност и може да ги изложи луѓето на потенцијални негативни последици како кражба на идентитет, кибер мобинг и нарушување на личната безбедност.


Да заклучиме, потребата на луѓето да споделуваат интимни податоци од нивните лични животи може да се објасни преку потребата за припаѓање, поддршка, важност и признавање. Важно е да бидеме свесни за ризиците и да проценуваме колку и кои податоци е потребно да ги споделиме со другите. Приватноста е важна и треба да ја чуваме како дел од нашата интимност и само-идентитет.


Тишината и молкот можат да бидат подеднакво убиствени како претераното споделување интимни детали, а можеби и се работа на личен избор па дури и принцип. Кој и да е изборот, доколку не е погубен и токсичен, како и со сѐ друго, принципот „живеј и остави да се живее“ се чини дека е универзално добар.


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page