top of page

Загубата ретко е едноставна, колку и да се чини дека е споредна

- Ми се јавија вчера, не можат ништо да направат, и отиде.


Кучето Пиксел почина 4 дена откако радосно им објавив на моите родители дека сестра ми толку се заљубила за прв пат во куче што ќе го земе со себе во Скопје да го чува. Четири дена подоцна почина од штенечак.


Беше толку мирен откако беше роден, што таа кроткост ја збунивме со апатијата. Тој беше селско куче, каде ретко кое успева да дочека една година. Сѐ е против нив во - на прв поглед - идилична средина.


Иако растевме со кучиња, иако сестра ми не живее со моите, иако таа е возрасна жена реакцијата на мајка ми беше едно жестоко НЕ!


Зошто така реагира од првото кученце кое дедо ми го донесе во кутија од Велес со воз, до сега, навистина не знам.


Еден елемент со сигурност е: антиципирање на болката која ќе дојде со загубата.


Но што е попогубно? Празнината, музејската стерилност, тишината, или болката, солзите хаосот на тагувањето.


Тоа што е изгубено во оваа математика е она помеѓу. Целата љубов радост и сеќавања.


Во дворот еден ден од никаде се појави една трошка од маче. Кога татко ми и дал да јаде, толку била гладна, што се удавила во залаците. Имаше лут израз на лицето и во комбинација со необично убавото и слатко маче имаше комичен ефект. Мајка ми смета дека мачките се себични, саможиви и со тоа врската со нив не може да биде толку силна и емотивна како со кучињата. Па така и реакцијата не беше ни оддалеку слична со оние кога ќе дознаеше дека вдомуваме куче. Само ладно дофрли: женско е? Ќе видиш што проблеми ќе ти направи.


Лами и јас си изградивме дневна рутина која беше прецизна до минута. Ме будеше со тоа што ми се туткаше на рамото. Кога порасна тоа повеќе беше: Кога Лами ќе се разбуди а јас уште спијам, нежно ме буди со тоа што ми седнува на лицето. Се галевме 10-15 минути и на таа нота, среќна и расположена, го почнувавме денот. Јас кафе, таа доручек .. Првите 5 месеци од својот живот не мрдна надвор од куќата и дворот баш никаде. Не беше плашлива, но беше претпазлива. Мајка ѝ ја научи како да скокне од прозорот на кујната на кровот на соседите.


Последната недела од нашиот зеднички живот, поучена од мачето кое се појавуваше да руча и нејзин врсник, почна да шета во околните дворови. Дури и ме испраќаше кога одев до продавница и седеше под колата на комшијата додека не се вратам. Последен пат ја видов Лами во влезот на мојата куќа. Го чистев, а таа се моткаше околу мене. Излезе низ подотворената врата и седна. Кога излегов - ја немаше. Ниту во дворот, ниту на улицата, ниту во околните улици...


Кога решив дека ќе ја чувам, ја смирив мајка ми со „не се секирај, ги знаеш мачките, скитаат. Ќе ја израснам, да ѝ дадам шанса да преживее и после тоа ќе си отиде.„ Една недела откако го кажав ова престанав да верувам, ама веќе беше речено. Кога мајка ми дозна дека ја нема рече „ нека ѝ е со среќа, , а ти - се спаси„. Тоа што мајка ми пропушти, се моментите на среќа, блискост и поврзаност. Чистење на влакна, флеки, и разноразни бељи во тој контекст се безначајни! Поентата не е во моментот на загубата, туку на сѐ она што ѝ претходи…

Стани Дивотно

コメント


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page