top of page

Едукативна летна школа за диџеи во Бруталиск



Во соработка со Арт Бригада и познати DJ имиња и музички педагози, ова лето на младите во Скопје Бруталиск нуди прилика за часови по клабинг и DJ-ство. Ха! Нешто што никогаш мислевме дека нема да го чуеме…


Летниот курс е специјално дизајниран за да ја претстави културата и забавата на клубската сцена, да ги запознае со DJ опремата и софтверот, и да им дозволи да научат како да изведуваат и продуцираат електронска музика и hip-hop!


Ова училиште за диџејство има за цел да помогне во стекнување на теоретско и практичното знаење за диџејството преку интерактивна и практична настава.


Концептот е разработен во 10 работни средби во временски период од две недели, со фиксен термин од 14:00 до 17:00 часот секој работен ден. Секоја средба трае три саати со една пауза од 30 минути. Во рамките на овој час, учениците ќе добијат теоретско предавање за различните аспекти на диџејството, како и практична работа и вежбање на стекнатите знаења и вештини.


На крајот од школата, на 1 јули 2023, ќе се одржи вечерен настан во Бруталиск, каде учесниците ќе имаат можност да ги прикажат своите стекнати вештини пред публиката.




Бројот на места е ограничен на 15, па затоа побрзајте и регистрирајте се преку инбокс или на адресата radiograd.sk@gmail.com. Пријавените треба да поседуваат сопствен лаптоп и слушалки, додека останатата опрема ќе биде обезбедена од страна на организаторот.


Цената за учество во школата изнесува 9.000 денари.


Еден од диџеј професорите Мирко Попов најави „Ќе предавам и ќе испрашувам. Чисто да си знаете.“


Но не застана овде, напиша и колумна за ТРН:

Диџеј. Диск-џокеј.

Тоа е она смешното, буцкасто детиште од седми кат кое нема другари и сеуште нема бакнато девојка. Ретко кој му вика здраво по скали и во лифт. Не звучи добро ова, знам. Детиштето мора да преземе мерки. Почнува да се интересира за музика и да ја собира: плочи, даунлоуди, касети, па и ЦДа кога мора. Се што ќе му дојде под рака. Ги памети сите можни информации за сите песни, се опседнува со музичарите… Анегдоти, факти, илузии, делузии… Знае сѐ за сите кои било кога допреле инструмент, ритам машина, или грамофон. Додека слуша музика, истовремено ги свири сите инструменти со рацете и нозете и устата и очите и телото. Испушта звуци на повеќе инструменти во исто време. Звучи потполно лудо. Тоа е вистински диск-џокеј драги мои. Кратко и слатко, наречен диџеј“





Стани Дивотно

Comentarios


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page