top of page

Една година културна револуција: Лабораториум го прославува својот прв роденден

Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ - кој растеше во оваа улога од прогресивен угостителски објект и клуб во нов центар на независната македонска сцена, откако МКЦ го изгуби тој статус преку дневно-политички превирања.

Лабораториум ја одбележува својата прва година постоење со низа активности кои ќе траат цела недела, од 3 до 8 декември. Со програма што ја слави креативноста, заедницата и иновациите, овој настан е повеќе од роденден – тоа е приказ на визијата и енергијата што „Лабораториум“ ја внесе во македонската културна сцена.


син постер за лабораториум

Распоред на настани:


Вторник, 3 декември – Giving Tuesday

Неделата започнува со хуманитарен настан во соработка со Центарот за социјални иницијативи „Надеж“. Темата на настанот е реупотребата на облека и аксесоари, со цел подигнување на свеста за одржливост и помагање на заедницата.

Среда, 4 декември – All Star Jam Session

Средата е посветена на експерименталниот џез. На оваа отворена сцена ќе се појават уметници и музичари кои учествувале во неделните џем-сешн проекти на „Лабораториум“. Среда е резервирана за „All star- Jam session„!
Прослава на неделниот проект “Експериментален џем” на Лаб, со отворена покана кон сите артисти и музичари кои биле гости изминатата година. Ги покануваме заедно да создадеме импровизиран концерт!



Четврток, 5 декември – Локални крафт вкусови и DJ сетови

Во духот на поддршка за локалните производители, четвртокот е резервиран за дегустации од познати македонски брендови како што се Темов, Белеза, Вајт Риџ џин, и многу други. За музичкиот дел ќе се погрижи диџејското дуо „D.I.K.”, кое ќе донесе ритам во празничната атмосфера.


Четврток е посветен на локалните крафт производители и млади DJ. Гости на настанот ќе бидат Темов, Пиволабс, Белеза, Вајт Риџ џин, Плетварски ракии, В'к ракии, Мирон вино и ракии, Ерос вино, Брзанов вино, Бак, СмидЏин. За музичкиот дел ќе се погрижи диџејското дуо „D.I.K.”

Петок, 6 декември – Social Friday



„Лабораториум“ воведува нова иницијатива – „Social Friday“, наменета за локалниот активизам. Ограда на „Lab Café“ ќе се трансформира во автобуска станица на постојката „Европски универзитет“, а утринската програма ќе вклучи активности за повозрасните граѓани, со идеја за формирање на сениорски клуб.

Вечерта ќе се најави новиот проект „Стереолаб“ – онлајн радио за промоција на македонска и глобална независна музика. Диџеите Илина Ангеловска и Ивана Драгшиќ ќе бидат дел од оваа премиера, заедно со перформанс на „Александар Велики“ – Гачо.

Сабота, 7 декември – Ден за најмладите и филмски моменти


мало девојче во скут на мајка си во кола

Детската програма ќе вклучува работилници за репарација на играчки, куклени претстави, детско музичко шоу и мини-диско. Вечерта ќе биде посветена на филмот, со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ од Горан Столевски, по што следи филмски квиз и музичка забава со филмска тематика.

Недела, 8 декември – Големото финале



Неделата ќе кулминира со „Отворен ден“ во „Лабораториум“. Програмата ќе понуди уметнички работилници, спортски активности, живо печатење на „Lab merch“, како и музички настапи на двете сцени. Диџеј сетови ќе имаат Јанко Петел Јаваше, Disco Ninja, и други, а ќе настапат и бендовите M! и KEM. Настанот ќе трае од 13:00 до 01:00 часот.

Празник за уметноста и заедницата

„Лабораториум“ ве поканува да се приклучите на оваа недела исполнета со инспиративни и забавни активности. Овој прв роденден е славење на иновативноста, културата и заедничкиот дух што овој центар го носи во нашето општество.

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page