top of page

ДПМ излезе со своја изјава, писателите ги пречекаа oставките со одобрување

„ На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа: Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска.“



Еден од двата профили на ДПМ кои функционираат паралелно, вечерва (8-ми октомври) излезе со соопштување кое го осудува скорешниот потег (или подвиг) на - во овој момент - осум неотповикливи оставки на Претседателството на ДПМ :


На оваа објава изреагира писателот и член на ДПМ Живко Грозданоски:


1. Пред сè: какво е ова соопштение во кое воопшто не се ни спомнуваат имињата на новите „членови“ на Претседателството?


2. Според Статутот на ДПМ (Чл.28), Претседателството *треба да одлучува* за тековните активности. Но, оние осум членови на Претседателството што си дадоа оставка најчесто воопшто не биле консултирани за работата на врвот на раководството на ДПМ – и тоа се чини дека е една од причини зошто си дадоа оставка.


3. Велите сите досегашни одлуки на ДПМ се „верификувани“: но ајде приложете записници од состаноците на Претседателството. Колку што ми е познато, нема – воопшто не се работело со записници.


4. Пополнувањето на местата на оние што имаат дадено оставка можеби се случило некогаш да биде „според листата на добиените гласови на Изборното собрание“, но 1) постои ли некаков записник за тоа? 2) дури и да постои доказ, тоа не е важно: тоа не е според Статут, и не е во ред – и не било во ред.


5. „архивирана и верификувана“ (документација), „невистини и инсинуации“ – претпоставувам дека авторот на овој текст е моменталниот Претседател на ДПМ. Ако Радован Павловски е принц на метафората, моменталниот претседател на ДПМ – имам забележано и од други текстови – е интергалактички император на тавтологијата.


6. Самото ДПМ моментално ги дискредитира своите членови (ги дискредитира оние што ги внесува во Претседателството); самото ДПМ е заложник, а моменталната состојба во ДПМ е штетна за македонските (национални и сите други) интереси. Сета книжевна и културна јавност бара раководството на ДПМ да свика Изборно собрание. Тоа е единствениот легитимен чин што раководството на ДПМ може да го направи сега.


7. Уште еднаш: какво е ова соопштение во кое воопшто не се ни спомнуваат имињата на новите членови на Претседателството? “


Писателите од друга страна, пак, ја дочекаа оваа вест со одобрување, како посакувана промена:




Новинарот и писател, Ѕвездан Георгиевски во коментарите кажа „ Ако 90 проценти од раководството мисли поинаку од претседателот или не се согласува со неговите постапки тоа кажува само две работи: или тоа големо мнозинство е неспособно да ги артикулира и наметне своите ставови или претседателот е сериозно способна личност што и во таква малцинска положба може да ги спроведува своите манири и политики. Јас друга логика не гледам.“










Commentaires


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page