top of page

Добредојдовте, ова е Дива... Дива Мисла

После 15-тина години откако се откажав од тастатурата како да е лоша навика - ете ме пак!


Рилке во „Совети за младиот поет„ му одговара на младиот војник кој сака да биде поет на прашањето: Како да знам дека таа вокација е за мене? - со следното: Доколку пишувањето е нешто без кое апсолутно не можеш, тогаш пишувањето е за тебе. Секогаш ме интересираше: Како да знам дека не можам да живеам без пишување? Како се проверува тоа? Ми се чинеше дека е само софизам, поетска пируета која не дава конкретна инструкција која ми требаше очајно. Дали можеби ќе се засрамам, ќе се избламирам, дали си го трошам времето залудно, а достоинството го ставам на коцка?! Ми требаше математички прецизна формула. Но, несакајќи го најдов најнесреќниот начин да го опробам прашањето па и одговорот: да не пишувам. Кога во овие 15 години не можев да најдам занимање кое ни приближно не доаѓаше до пишувањето и сè што подразбира тоа - го имав својот одговор.

www.diva.mk е оддишка за култура, уметност, популарна култура, подкаст.

Comments


bottom of page